Позитива на денот: Maлата хероина Ана го победи ракот и со насмевка ѕвони на ѕвончето во Детска клиника во Скопје (видео)
- Детали
- петок, 26 јуни 2026
Вака се прави тоа! Со насмевка и самоуверено... Малата Ана, која се избори со тешката болест, е пример како треба во животот. По најголемите бури доаѓаат најубавите виножита и неа ја чекаат токму такви мигови.

Од Клиниката за детски болести во Скопје објавија уште една радосна вест, какви што само сакаме да слушаме.
Тие споделија видео од малата Ана, која ја победи најтешката животна битка и заѕвони на победничкото ѕвонче.
Додека Ана чекори кон ѕвончето со својата мајка, околу неа аплаудираат блиските, но и персоналот во болницата, кој ѝ беше најголема поддршка во изминатиот период додека храбро се бореше со болеста.

Од клиниката споделија:
„Нова радосна вест од Клиника за детски болести
Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашaта хероина АНА храбро ја помина и ја освои тешката битка. На АНА и посакуваме многу здравје и среќно и безгрижно детство!“
С. С. | Црнобело