Почина Владо Јаневски на 65-годишна возраст – естрадата се збогува од македонската легенда
- Детали
- недела, 28 јуни 2026
Македонската музичка легенда Владо Јаневски почина денес, на 65-годишна возраст. Фановите и македонската естрада го искажуваат своето сочувство и се збогуваат со една од најголемите музички ѕвезди од Македонија.

Владо Јаневски, еден од најпознатите македонски музичари, почина денес (28.06) на 65-годишна возраст.
Според досегашните информации што ги споделуваат нашите медиуми, пејачот починал по кратко боледување, во клиника во Скопје.
Роден во 1960-та, во Скопје, Владо Јаневски е првиот евровизиски претставник на Македонија од далечната 1998-ма, а низ годините изгради импресивна кариера.
Голем дел од неговите хитови се пеат со години наназад и важат за едни од најпознатите и најдобрите македонски евергрини.
Фановите, како и македонската естрада на социјалните мрежи го искажуваат своето сочувство и се збогуваат со македонската легенда.
Кристина Арнаудова

Јован Јованов

Елвир Мекиќ

Инстаграм профилот на „Макфест“

Ана Костадиновска

Миро Кацаров

Спирова С. | Црнобело