Јелена Спенџарска: „Не сум сингл - би сакала да стапам во брак, но тоа не треба да се направи по секоја цена“
- Детали
- понеделник, 29 јуни 2026
„Сум простила неверство, и тоа не еднаш. Сметам дека нешто што се случило еднаш не мора да се случи двапати. Ама ако се случило двапати, сигурно ќе се случи трипати. И понекогаш, колку и да ти е тешко и да те боли - застани, прекини, пресечи, наместо да си ја чукаш главата после. Од искуство го кажувам ова“, вели Јелена во „Полиграф“.

Од неодамна на Јутјуб се прикажува новиот проект на нашиот јутјубер Стефонатор, наречен „Полиграф“, а во новата епизода гостинка му беше Јелена Спенџарска.
Ова е нејзино прво интервју по долго време, а пред објавата на епизодата, Јелена најави дека „Полиграф“ е емисијата што „ја пронашла неа“ и дека со години избегнува интервјуа, но дека ѝ било забавно снимајќи со Стефонатор.

А, додека беше врзана со полиграф, водителката и инфлуенсерка, одговараше на прашања колку е искрена во она што го објавува на социјалните мрежи, дали со Марис се другарки само од корист, ѝ се случува ли да глуми во емисија дека ѝ е забавно иако гостинот е ‘здодевен’, но и дали е во лоши односи со колешките.
Но, таа одговараше и на приватни прашања, од типот дали е сингл, жали ли што сè уште не е мажена, простила ли неверство, дали е посесивна...

На прашањето дали е вистина дека е сингл, Јелена вели:
„Не. Иако многу луѓе мислат дека е тоа така“.
Потоа одговара и на прашањето дали објавувањето на нејзиниот партнер на социјалните мрежи повеќе ѝ одмогнало, отколку што ѝ помогнало.
„Не, но ми ги отвори очите за многу работи и сфатив дека можеби беше грешка што сето тоа отиде толку јавно, и јас толку наивно и невино влегов во тоа.
После тоа мене ми се случија многу работи каде што сфатив дека таа врата треба да се затвори за социјалните мрежи.
И сега веќе стојам на тоа, и не би сакала да навлегувам, ниту, пак, навлегувам во детали за тоа повеќе“.
