Јелена Спенџарска: „Не сум сингл - би сакала да стапам во брак, но тоа не треба да се направи по секоја цена“
Стефонатор ја праша и дали конечно добила виза за долготраен престој во Грција, а Јелена одговара дека таква виза и понатаму нема добиено.
„Добив пермит, нели, тоа што се обновува на секоја година, ама виза немам добиено. Сето тоа е процедура.
Ти можеш да добиеш документи веќе кога ќе стапиш во брак (добро, тоа е посебна тема), меѓутоа јас немам ни поднесено за таква виза. Уште сум на пермит, дозвола, како се вика...“.

Јелена искрено кажа и дека почувствувала притисок затоа што сè уште не е во брак.
„Можеби не толку од самата себеси, иако и од самата себе, нема да лажам.
Јас сакам да живеам живот каде што сметам дека она што ти е судено ќе ти се случи во вистинското време, дека не треба да брзаш и дека не е најголемо достигнување во животот, еве сега ќе се омажам и тоа е тоа.
Но, сè уште живеам во средина каде што е тоа преважно и колку и да сакам да избегам од тие работи, некој ќе се најде и ќе почне да ми зборува.
Не дека толку ми делуваат тие работи, но на крајот од денот, јас сум жена, секако дека би сакала да влезам во брак, но не сметам дека тоа треба да се направи по секоја цена“.

Стефонатор ја прашува и дали е вистина дека има простено неверство, а Јелена го потврдува и тоа.
„И ова ли треба да го објаснам (ха, ха)? Да, само за да научам не дека не треба, туку за искуство. И тоа не еднаш.
Тоа се случувало порано, и не сум личност што ќе каже мораш да простиш или не мораш да простиш.
И тоа е многу индивидуална работа, ама искуството што ќе го добиеш, нека ти биде школо за понатака.
Иако сметам дека нешто што се случило еднаш не мора да се случи двапати.
Ама ако се случило двапати, сигурно ќе се случи трипати. И понекогаш, нешто навистина колку и да боли, не треба да си губиш време.
Колку и да ти е тешко и да те боли - застани, прекини, пресечи, наместо да си ја чукаш главата после. Од искуство се кажува ова“.

Погледнете го целиот разговор на полиграф со Јелена:
А. Ј. | Црнобело