Мартинијан Кириловски и саканата Лара направија веридба во Куманово: „Свадбата ја закажавме за 4 септември 2027“
- Детали
- вторник, 30 јуни 2026
„Не правевме некои посебни традиционални обичаи, сакавме сè да биде едноставно, искрено и исполнето со многу љубов“, вели Мартинијан за CRNOBELO.com, за веридбата која ја организираа два месеца по запросувањето.

Мартинијан Кириловски (30) и неговата сакана, писателката Лара Денковиќ (22), минатиот викенд направија веридба во ресторан во Куманово, два месеца откако пејачот клекна на колено во Рим и ја побара за сопруга.
На забавата со нивните најблиски, се играше и пееше до доцна во ноќта, а и самиот Мартинијан во еден момент запеа за мерак на сите гости.


За CRNOBELO.com, познатиот музичар раскажа за прославата, но откри и дека веќе ја закажале свадбата, и тоа за септември 2027 година.
„Веридбата ја организиравме во ресторанот Caruso во Куманово, во кругот на нашите најблиски.
Не правевме некои посебни традиционални обичаи, сакавме сè да биде едноставно, искрено и исполнето со многу љубов.


Најмногу ќе го паметиме моментот кога се случи запросувањето и емоциите што ги споделивме со нашите семејства. Тоа е спомен што ќе го носиме со нас целиот живот.
Сега со нетрпение ги очекуваме подготовките за свадбата, која е закажана за 4 септември следната година“, ни кажа Мартинијан.
Погледнете повеќе фотографии од прославата на Лара и Мартинијан:



