Пејач од Велес ја запроси саканата Сара, тиктокерка што живее во Швајцарија, за време на одморот на Малдиви (фото)
- Детали
- вторник, 23 септември 2025
„Нашата приказна започна сосема случајно на еден мој настап во Швајцарија, каде што Сара живее. Еден месец пред да одиме на одмор на Малдиви, јас го организирав запросувањето“, вели Иван Милевски (26) од Велес.

Иван Милевски (26) од Велес, музичар по професија, поточно пејач во групата „Fantasy Band“, ја запроси саканата Сара Манеска (22), тиктокерка од Прилеп, која живее во Швајцарија, за време на нивното патување на Малдиви.
Пред огромно срце од цветови и со спектакуларен поглед кон водата, Иван ја изненади саканата.
За запросувањето Иван за CRNOBELO.com вели:
„Нашата приказна започна сосема случајно на еден мој настап во Швајцарија, каде што Сара живее.

Еден месец пред да одиме на одмор на Малдиви, јас го организирав запросувањето, а го реализирав последниот ден од одморот на тоа рајско место.

Сара вика дека запросувањето било токму онака како што отсекогаш сонувала.

Моментот беше магичен, а ние никогаш посреќни“.


