Мартинијан Кириловски ја запроси 8 години помладата девојка во Рим - клекна на колено во ресторан, аплауз од сите гости
- Детали
- четврток, 30 април 2026
„Од денес официјално моја“, напиша Мартинијан (30) на фотографиите споделени на Фејсбук, откако по 4 години врска ја изненади саканата Лара (22) со прстен.

Пејачот Мартинијан Кириловски (30) по скоро четири години врска, ја запроси саканата Лара Денковиќ (22) додека беа на патување во Рим.

На романтична вечера, во ресторан со поглед на Колосеумот, тој клекна на колено пред Лара, извади прстен и ја праша дали ќе се омажи за него.

Додека таа го гледа изненадена и среќна вели „Да“, сите во ресторанот им аплаудираат.

Парот објави видео од самиот момент на запросувањето на социјалните мрежи, но и фотографии направени потоа, во Вила Боргезе, каде што со бротче пловат по езерцето, а Лара го покажува прекрасниот свршенички прстен.

„Од денес официјално моја“, напиша пејачот на фотографиите споделени на Фејсбук.

Претходно, во интервју зa нивната љубовна приказна за CRNOBELO.com, Мартинијан раскажа дека се запознале на роденден, а дека тој останал занемен кога ја видел првпат.
А. Ј. | Црнобело