Антониа Гиговска: „Психички бев лошо по породувањето - имав притисок во глава дека не сум добра мајка зашто Киан не цица“
Антониа вели и дека имала многу тешка бременост, со мачнини до осмиот месец. „Јас не се помрднував од веце, тоа беше страшно“.
Откри и дека нејзините родители биле среќни кога дознале за бременоста, а дека мајка му на Роберт штом слушнала дека ќе стане баба си ја пуштила песната „Весела сум свекрва“ и почнала да игра оро.
Но, Антониа повторно нагласи дека поминала низ тежок период - породувањето, постпородилната депресија и првите 8-9 месеци како мајка кои ѝ биле огромен предизвик.

„Одеднаш од личност што има настапи секој ден во различен град, јас сум во една соба затворена, сè е на мене, тој мора да цица, јас мора да му дадам млеко, а не се осеќав своја кога Киан цицаше.
Цело време плачев. Дали е тоа затоа што беше премногу стрвен, сакаше да цица на пола саат, а јас не бев спремна да го дадам тоа некако.
И тогаш си реков дека не мора да правам ништо, си ставив во главата дека не сум помалку мајка ако детето не цица. Мора да е само најадено, да е среќно, да не плаче, зашто многу плачеше.
Најверојатно не сум имала доволно млеко за да го најаде.

Во глава имав притисок како да ме обвинуваат дека сум помалку мајка ако Киан не цица. Дека јас не му давам млеко на бебето.
Не сте помалку мајки ако бебето не цица. Мајки сте ако му дадете да јаде секогаш кога е гладно, да го облечете за да не му студи, да му дадете љубов.
Немав здравствен проблем, само изгледа немав доволно млеко. Мајка ми немала, тетка ми немала - баба ми имала.

Ѝ реков на мајка ми дека сакам да дојде баба ми, да види какво ми е млекото, бојата и таа сфати дека не треба ни јас да се мачам, а и Киан да го мачам.
Јас сум среќна што првите 30 дена цицаше. Но кога сфатив дека не треба да се мачам ни јас ни тој, зашто психички бев многу лошо, бев нестабилна, решив дека треба да е на адаптирано млеко.
Со Роберт ги поделивме и обврските - тој стануваше ноќе за да го нахрани а јас да спијам, а преку ден јас го хранев, а Роберт спиеше, ни беа избалансирани тие работи. Роберт од почеток го бањаше сам, му менуваше пелена“.

Погледнете го целото интервју:
А. Ј. | Црнобело