Aнтониа Гиговска се огласи по критиките дека не доела, а сопругот ѝ даде поддршка: „Силна жена, силна мајка“
Затоа искрено ме растажува кога гледам колку лесно знаеме да осудиме некого, а колку ретко застануваме да разбереме низ што навистина поминува една мајка.
Ова не го пишувам за да се оправдувам. Немам потреба од тоа.
Го пишувам затоа што знам дека во овој момент постои барем една мајка која се чувствува виновна затоа што не можела или не сакала да продолжи со доење.
Ако си една од нив, сакам да знаеш дека не си сама. И не си помалку мајка.

Мајчинството не се мери според начинот на кој го храните вашето дете. Се мери според љубовта, грижата, непреспиените ноќи, посветеноста и сè она што секојдневно го правите за своето дете.
Од срце им благодарам на сите кои ме разбраа, кои ми дадоа поддршка и кои избраа емпатија наместо осуда.
Токму поради таквите луѓе верувам дека е време да престанеме да ги третираме ваквите теми како табу.

На крајот, за мене е најважно моето дете да е сакано, здраво, среќно, најадено и никогаш да не е гладно. Тоа секогаш ќе биде поважно од секое туѓо мислење и секоја осуда.
Ако со мојата искреност охрабрам барем една мајка да престане да се чувствува виновна и да сфати дека не е помалку мајка поради одлуката што ја донела, тогаш знам дека вредело да зборувам.
Со почит,
Антониа
Нејзиниот сопруг Роберт ја сподели објавата за Антониа и напиша: „Силна жена, силна мајка!“

