Aнтониа Гиговска се огласи по критиките дека не доела, а сопругот ѝ даде поддршка: „Силна жена, силна мајка“
Се огласи и Стефан Лазаров, во чиј подкаст Антониа гостуваше:
„Нааааајголема поддршка за Антониа!!!!!!
Како не ви е срам на вас што коментирате за ваква изјава! Девојката раскажува за момент кој ѝ предизвикал најмногу потешкотии и сите знаеме колку жени поминуваат низ истото?
И читам коментари од ЖЕНИ ШТО осудуваат? Жално е што и во 21 век има луѓе со толку „затуцани“ (застарени) ставови.
Апсолутно НАЈБИТНО Е ДЕТЕТО ДА Е НАЈАДЕНО И ДА ДОБИЕ ВНИМАНИЕ И НЕГА!
Антониа никаде не кажува дека не сакала да го дои... Алооо!
А за вас мажите? Без коментар, навистина без коментар.
Дај бе живејте си го животот и гледајте си во својот кош, поради такви како вас секоја тема е табу и на луѓето им е страв да споделат.
Антониа уште еднаш, најголема поддршка“.



По гостувањето, Антониа објави фотки со синот Киан и напиша дека тој е нејзиното сè.
Погледнете го делот од гостувањето кој поттикна реакции:
С. С. | Црнобело