„Јас сум Зоки Малиот од Џубокс - те чекам од некаде да се појавиш“ - Нашиот урбан лик со тон емоции за својот пријател Владо Јаневски
- Детали
- среда, 01 јули 2026
„Многу луѓе ме прашаа дали ќе напишеш проштално писмо до Владо и ќе го прочиташ. Јас колку што знам писмо се пишува за некој што е далеку, а ти не си. Ти си тука и вечно ќе бидеш тука меѓу нас, Ќе напишеш ти уште многу евергрини таму горе...“, емотивно вели нашата урбана легенда Зоран Блажевски, познат како Зоки Малиот, за прерано изгубениот пријател.

Зоран Блажевски познат како Зоки Малиот е една од скопските урбани легенди, познат градски лик, oдносно угостител кој децении наназад го збогатува ноќниот живот во Скопје.

Тој беше и долгогодишен пријател на Владо Јаневски, а по неговата смрт емотивно се огласи на социјалните мрежи, преку неговата некогашна вработена и пријателка Фросина Фро.

Зоки не е многу активен на Фејсбук, а Фросина со своите 32.000 следбеници го сподели неговиот последен поздрав до Владо Јаневски.

Зборовите на Зоки Малиот до Владо Јаневски:
„Многу луѓе ме прашаа дали ќе напишеш проштално писмо до Владо и ќе го прочиташ.
Јас колку што знам писмо се пишува за некој што е далеку, а ти не си. Ти си тука и вечно ќе бидеш тука меѓу нас.
Да бев глумец, оваа тажна сцена ќе ја одглумев, да бев пеач како тебе ќе ја отпеев, ама не сум.
Јас сум Зоки Малиот од Џубокс кој те чека од некаде да се појавиш. Ќе напишеш ти уште многу евергрини таму горе, а јас кога ќе дојдам - ти спремам една. Патувај мирно мој пријателе“.

Инаку, Фросина Фро долги години работеше како дел од тимот на Џубокс и за Зоки во 2025-та напиша:
„Со скопската угостителска легенда, Зоки Џубокс (кај Зоки Малиот во Џубокс). Еден од луѓето кои ги имаат поставено темелите на урбаното живеење во Скопје уште во далечната 1983 та.
Јас 12 години бев дел од таа екипа. Џубокс беше место каде ретко кој од вработените си одеше, бевме 80% стандардна екипа, затоа и го немаше по огласи дека бараат персонал.
