Златко Јовановски: „Во основно ми го шутираа ранецот, ме туркаа во радијатори - простив, но никогаш нема да заборавам“
Памтам, имав школски несесер, кој кога ќе го отвориш, имаше 4 помали несесери и во секој имав премногу фломастери, дрвени бои и слично.
Ми го фрлаа низ прозор само затоа што бил „женски“! А тој беше син, со огромен слон на него! Ден денес го чувам!
Многу сакав и фустани да цртам! Ми зборуваа „Златко треба одела машки да црташ, а не фустани“. Денес, заради тие фустани, јас имам светска кариера! Денес заради тие фустани јас сум JZJ, The King of Sparkle.
Доста е. Да не пишувам 100 Стори овде, а се сеќавам на сè, за жал.
Сум им простил, ама никогаш нема да им заборавам!

И да… во целата приказна најважни се родителите! Јас кога ќе се пожалев дома и ќе кажев искрено и отворено, мене мајка ми зборуваше: „Ти си генијалец! Они ти љубоморат! Ти ќе бидеш ѕвезда! Ти ќе бидеш врвен креатор! Ти ќе го освоиш светот! Они се прости! Они не се прошетани! Они не може да имаат сè што имаш ти! Ти си креативен!“
Мајка ми ме убеди дека сум генијалец, а татко ми само тивко ме поддржа во сè! Фала им бескрајно!
Така што, да… Мене Господ ме направил за нешто генијалец, ама од друга страна ми дал и друг товар! Е, па сега, нема сè идеално! Мора да има баланс.
И затоа сега, кога сум возрасен, ултра популарен и вирален, мене стварно не ми е гајле што мислат „Курто и Мурто“ во коментари!
Ниту планирам да им се правдам, ниту да ги бришам коментарите! Во ова „демократско“ општество сите имаме право на мислење!

И уште ова… Ако сакате да снимате и да бидете вирални, ако тоа ве прави среќни немојте да снимате насилство.
Помогнете и спречете! Немојте да се смеете на насилство! Така после доаѓа до самоубиства! Не сме сите јаки!
Ако сакате да бидете вирални и ако сакате да бидете популарни на социјални мрежи, играјте на песни, правете предизвици и слично!
Јас сум ви пример дека секогаш може да се шалиш на своја сметка, да зборуваш само за себе, да раскажуваш само за себе, никого да не навредиш, никој да не понижиш и пак да бидеш интересен и вирален!

Што мислите, јас не знам да зборувам за другите јавни личности негативно па така да бидам вирален?! Ама прво тоа не е културно (бар така ме воспитале), а второ, секој има право во својот живот да функционира како тој сака!
Освен да им штети на другите! Е тоа - никој нема право!!!
Имајте убав ден. Сакајте се прво себеси и прифатите ги сите различности околу вас! А ако нешто не можете да прифатите, тогаш барем останете воздржани!
А воздржани за насилство - не! Ваш Златко, JZJ The King of Sparkle. Ај чао, заминав на работа“.

А. Ј. | Црнобело