Стојанче Јовановски доби 12 години затвор – максимална казна за наведување на самоубиство на сопругата со ќерката

Сопругот на Ивана и таткото на Катја, кои трагично го изгубија животот по пад од балкон во Тафталиџе, денес беше осуден на 12 години затвор - првпат во Македонија е изречена ваква казна за наведување на самоубиство како кривично дело, откако претходно сопругата трпела насилство. 

stojanche-jovanovski-dobi-12-godini-zatvor-maksimalna-kazna-za-naveduvanje-na-samoubistvo-na-soprugata-so-kjerkata-01.jpg

Сопругот на Ивана и таткото на Катја, кои трагично го изгубија животот по пад од балкон, денес ја доби својата пресуда за трагедијата која ја потресе цела Македонија на почетокот на март во скопско Тафталиџе. 

Стојанче Јовановски, кој долго време психички и физички ја малтретирал својата сопруга и ќерка, што ја натера Ивана да си пресуди себеси и на своето дете, доби 12 години казна затвор.

Тој беше обвинет за загрозување на сигурноста, нанесување телесни повреди при семејно насилство и наведување на самоубиство на неговата сопруга.

Прогласен е за виновен за сите дела, а со тоа во Македонија за првпат е изречена казна за наведување на самоубиство како кривично дело.

Со своето констанстно физичко и психичко насилство, малтретирање дома и во јавност, како и закани по животот и страв за истиот, Стојанче ја навел својата сопруга да посегне по својот живот и животот на нивната 6-годишна ќерка.

Осудениот доби максимална казна за сите три дела – за телесна повреда 5 години, за загрозување на сигурноста 3 години и за наведување на самоубиство 5 години затвор.

Казната на која е осуден е 12 наместо вкупните 13 години, согласно Законот за кривична постапка, каде е потенцирано дека единствената казна не смее да го достигне збирот на утврдените казни, ниту да премине 20 години затвор.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
„Ти си ми сè во животот“ - Елена Најдоски прослави трета годишнина од брак со саканиот Бојан во лукс... „Среќна годишнина, љубов моја! Ти си ми сè животот - љубов, потпора, најдобар пр...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...

Најчитани неделава