Дизајнерот Златко Јовановски во џелаба на одморот во Тунис: „Сакам да сум облечен како локалците“
- Детали
- петок, 12 септември 2025
„Понекогаш сакам да бидам облечен како локалците“ - напиша Златко на Инстаграм и сподели фотки и видеа во традиционална долга облека, во вид на машки фустан.

Македонскиот моден дизајнер, Златко Јовановски, познат како ЈЗЈ цела пролет и лето беше ангажиран со креирање фустани за матури и свадби, па сега конечно најде малку време за себе и замина на летување.

Како дестинација го избра Тунис, од каде што на Инстаграм објавува видеа и фотографии и со своите следбеници споделува интересни моменти од своето патување.

И иако посети неколку интересни локации, сепак, најголемо внимание привлече неговиот моден стил, кога реши да ја испочитува туниската традиција, па облече џелаба и на главата врза марама.

Џелаба (или џуба) е долга облека или еден вид на „машки фустан“, изработен од лесен материјал, со долги ракави, кој го носат мажите во Тунис и уште неколку земји.

За Златко, кој не се плаши да експериментира со облеката, избра црна џелаба со извезани детали, па нагласи дека сега се чувствува како дел од локалното население, барем според стилот.
„Понекогаш сакам да бидам облечен како локалците“ - напиша Златко во објавата.