Ева Јовановска: „Врската со Динев не беше маркетинг, туку најубавата врска во којашто сум била досега“
- Детали
- понеделник, 06 јули 2026
„Сметам дека љубовта не исчезнува така лесно и ќе треба време дали да исчезне, дали да премине во некоја друга форма на љубов, но ќе излажам ако кажам дека не сум сè уште заљубена“, кажа Ева додека беше „врзана“ за полиграф.

Ева Јовановска, позната и како Евче, седна на полиграфот на Стефонатор, каде што одговараше на прашања од различни области.
Нашиот познат јутјубер ја праша дали си ја платила титулата за Мис на избор што се одржа во Турција, на што таа одговори со „не“ и сијаличката светна зелено, но кажа и дека не сака да биде избрана за Мис на Македонија и да ја претставува земјава на светскиот избор.
Меѓу прашањата беше и едно поврзано со одговор што Евче го даде во лексиконот на CRNOBELO.com, a поврзано со најчудната порака што некогаш ја добила.
„Во едно интервју имаш изјавено дека имаш добиено порака од непознат дечко кој сакал да ти слугува. Дали му ја исполни желбата?“ - е прашањето на Стефонатор, на што таа призна: „Не. И малку ме исплаши таа порака“.
Стефонатор ја праша и дали е заљубена.
„Па да. Сметам дека љубовта не исчезнува така лесно и ќе треба време дали да исчезне, дали да премине во некоја друга форма на љубов, но ќе излажам ако кажам дека не сум сè уште заљубена“, кажа Ева.

По ова, неминовно беше и прашањето за нејзината поранешна врска со тиктокерот Александар Динев, откако парот пред еден месец преку објава на Инстаграм откри дека веќе не е заедно.
„Дали вашата врска беше само добар маркетинг?“ прашува водителот.
„А што си ти (ха, ха). Не. Луѓето што ме знаат приватно најмногу знаат дека беше реална врската и најубавата врска во којашто сум била досега“, одговори Ева, а полиграфот покажа зелено светло.

На прашањето дали смета дека Александар ја направил популарна, таа одговори со „да“ и додаде: „Ќе речам да, затоа што многу ми помогна. Дефинитивно тој е личноста која ме поттикна да верувам во себе доволно за да почнам да снимам содржини за социјалните мрежи, но сепак сметам дека јас го вложив трудот, и дека јас ако не сакав, да не сае потрудев, немаше да го постигнам тоа што го имам сега. И уште ќе вложувам во себе и имам други високи цели што сакам да ги постигнам, но секогаш ќе му бидам благодарна што беше до мене и ми помогна многу“.

Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело