Повеќе од 120 учесници од пет држави го отворија јубилејниот камп „40х20“ во Охрид

Јордовиќ, Георгиевска и Професорите Алексовска и Ацевски ќе го подигнат и така високото ниво на квалитет на кампот

povekje-od-120-uchesnici-od-pet-drzhavi-go-otvorija-jubilejniot-kamp-40h20-vo-ohrid-01.JPG

Во Охрид вчера официјално започна јубилејното, 5. издание на ракометниот камп „40х20“, кој ќе трае до сабота. Повеќе од 120 учесници од пет држави – Македонија, Шведска, Германија, Швајцарија и Србија – во наредните седум дена ќе имаат можност да ги усовршуваат своите ракометни вештини, да стекнуваат нови знаења, да се дружат и да уживаат во бројни едукативни и забавни активности.

povekje-od-120-uchesnici-od-pet-drzhavi-go-otvorija-jubilejniot-kamp-40h20-vo-ohrid-02.JPG

Организаторите и оваа година подготвија богата и разновидна програма, која опфаќа спортски, едукативни и развојни содржини. Основната цел на кампот останува непроменета – кај најмладите да се развива љубовта кон ракометот, најтрофејниот тимски спорт во Македонија, а на повозрасните учесници да им се овозможи работа со врвен тренерски кадар и дополнителна надградба на нивните знаења и способности.

povekje-od-120-uchesnici-od-pet-drzhavi-go-otvorija-jubilejniot-kamp-40h20-vo-ohrid-03.JPG

Тренерскиот тим, кој веќе неколку години успешно работи со камперите, оваа година е дополнително засилен со двајца реномирани гости. Поранешната македонска репрезентативка Љубица Георгиевска, која повеќе од 25 години живее и работи во Данска, земјата која важи за светска ракометна велесила, како и еден од најреномираните стручњаци на Балканот и координатор на младинските категории во ПИК Сегед, Владан Јордовиќ, во текот на кампот ќе го споделат своето богато искуство и знаење со сите учесници.

povekje-od-120-uchesnici-od-pet-drzhavi-go-otvorija-jubilejniot-kamp-40h20-vo-ohrid-04.JPG

Како дополнителна вредност, програмата годинава е збогатена и со предавања и практична работа од областа на спортската психологија, кои ќе ги реализира врвниот македонски спортски психолог и професор на Факултетот за физичка култура, Ленче Алексовска. Воедно, за највозрасните кампери ќе биде спроведена дијагностика на антропометриските карактеристики и моторичките способности, со цел објективна процена на нивниот физички потенцијал. Овој сегмент ќе го реализира професорот Ацевски од Факултетот за физичка култура.

povekje-od-120-uchesnici-od-pet-drzhavi-go-otvorija-jubilejniot-kamp-40h20-vo-ohrid-05.JPG

Ракометниот камп „40х20“ своето прво издание го доживеа во 2022 година како составен дел од проектот „Ракомет за секое дете“. Покрај кампот, проектот опфаќа и школа за ракомет, како и организиран турнирски систем во мини-ракомет, со цел создавање квалитетна средина за спортски и личен развој на младите ракометари.

povekje-od-120-uchesnici-od-pet-drzhavi-go-otvorija-jubilejniot-kamp-40h20-vo-ohrid-06.JPG

Би можело да ве интересира:

Миха Гигов од „Тин камп“ слави матура, Цаци Паковска емотивна: „Не ми се верува дека вчера беше 11-г... „Не ми се верува дека денес славиш матурска вечер, а како вчера да беше 11-годиш...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Сергеј Четковиќ се збогува од својот пријател Панчо: „Од прв ден те гледав како брат – како да те зн... „Знаеш, она кога луѓето се препознаваат на прва, како да ги знаеш цел живот. Тво...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...
Игор Џамбазов си изгради нов дом во Дојран и го покажа погледот: „Целото езеро на дланка, среќни ли ... „Уште малку, и ова ќе ми биде секојдневие. Погледот од дневната е величествен. Ц...
Марко Новески емотивен откако децата му проодеа: „Случајно ги снимив првите чекори на ќерката - маги... „Пред некој ден додека го снимав Вања како го шета Тимон, сосема случајно ги фат...

Најчитани неделава