Марко Новески емотивен откако децата му проодеа: „Случајно ги снимив првите чекори на ќерката - магично чувство“
- Детали
- петок, 15 август 2025
„Пред некој ден додека го снимав Вања како го шета Тимон, сосема случајно ги фатив и првите чекорчиња на Веда“, напиша на Инстаграм гордиот татко.

Водителот Марко Новески, кој пред 16 месеци стана татко на близнаци, постојано истакнува дека ужива во секој миг поминат со нив.
Тој често снима видеа во кои токму синот Вања и ќерката Веда се вистински мали ѕвезди.

И иако повеќето од нив Марко ги прави наменски, со последната објава на Инстаграм ги разнежни своите следбеници.
Тој го објави видеото од моментот кога малата Веда проодува, па не ги крие емоциите од тоа што го гледа и од моментот кој го доживеа заедно со сопругата Цена.

„Пред некој ден додека го снимав Вања како го шета Тимон, сосема случајно ги фатив и првите чекорчиња на Веда.
Одењето го сфаќаме толку здраво за готово, сè додека не го видиме и доживееме целиот процес на учење и совладување на оваа вештина, како им отвара еден цел нов свет за истражување и комуникација со сè останато, што просто не можеш да останеш рамнодушен и некако како и ти од почеток да почнуваш да го истражуваш целиот свет заедно со нив.
Магично чувство“ - напиша тој.

Кликнете на видеото за да го погледнете:
А. Ј. | Црнобело