Се ожени Тајзи - невестата во бајковита венчаница, цела естрада му дојде на свадба, пееше со Слаткар, Пајак, 2Бона
- Детали
- понеделник, 13 јули 2026
„Го оженивме Тајзи“, напиша Слаткар и на Инстаграм Стори сподели дел од атмосферата на свадбата, на која запеа заедно со младоженецот.

Драган Величковски Тајзи, на Петровден (12.07) направи свадба со саканата Ангела Анчевска.

Парот се сврши пред околу пет месеци, а неодамна открија и дека го чекаат своето прво дете.

Свадбата ја почнаа со валцер на кој двајцата беа елегантни и отмени - таа во бајковита венчаница од тул, тој во бело палто со машна пеперутка.

Но, како одминуваше времето, атмосферата се вжештуваше, па за мерак на младенците, но и гостите имаше дел каде што им свиреа зурли и тапани.

Сепак, кулминацијата се случи пред крајот на вечерта, кога бројни колеги запеаја заедно со него, па свадбата се претвори во мини концерт на Тајзи со пријателите. Тој пееше заедно со Слаткар, со Пајак, со 2Бона...

Голем дел од естрадата беше на свадбата со многу гости, а Слаткар сподели видео на Инстаграм Стори со сопругата Сања, па напиша: „Го оженивме Тајзи“.

Погледнете повеќе фотографии од свадбата:





