Калтрина Круезиу на семеен викенд во Трпејца - Со синот на суп-даска низ езеро, ужива на зајдисонце
- Детали
- среда, 15 јули 2026
Калтрина објави и фотки од Трпејца и уште еднаш покажа дека имаме природни убавини какви што нема никаде на светот, но и зошто селото го носи епитетот на едно од најубавите во Македонија - впечатливи куќи, неверојатен поглед, волшебна природа...

Професорката по пијано и солфеж и инфлуенсерка, Калтрина Круезиу, помина прекрасен семеен викенд во Трпејца, на брегот на Охридско Езеро.
Таа уживаше неколку дена со синот Уран во македонското Сен Тропе, а друштво им правеа и нејзините внуки.

Калтрина сподели неколку фотки со синот на Инстаграм Стори, со порака дека ѝ е најголемата љубов, но и додека се на суп-даска низ езерото и се забавуваат.

Не пропушти да објави и фотки од Трпејца и уште еднаш покажа дека имаме природни убавини какви што нема никаде на светот.

Калтрина преку фотографиите долови прекрасни локации од Трпејца, па не е ни чудо што ова село им е омилено на многумина и го носи епитетот на едно од најубавите во Македонија - впечатливи куќи, неверојатен поглед, волшебна природа.

Таа го искористи времето и за сончање, за да прочита книга на плажа, а уживаше и во зајдисонцата, кои токму во овој дел од земјата го одземаат здивот.
Погледнете повеќе фотографии:







А. Ј. | Црнобело