Игор Џамбазов слави роденден: „Кога наполнив 36 не бев сигурен дали ќе доживеам 63 – еве ме жив и по малку здрав“

Сестрата на нашиот шоумен Игор Џамбазов, Тања, му посака: „Братче мое, само насмеан и здрав... ама и едно чупенце годинава да ти донесе“, a Џамбазов во дел од својата роденденска објава вели: „Огромно благодарам до сите вас што ме подржувавте сиве овие години... И да знаете: 63 се новите 36. Следна цел: Проект 99“. 

igor-djambazov-slavi-rodenden-koga-napolniv-36-ne-bev-siguren-dali-kje-dozhiveam-63-eve-me-zhiv-i-po-malku-zdrav-01.jpg

Нашиот актер, музичар и шоумен, Игор Џамбазов, денес слави роденден.

Игор наполни 63 години, а како и секогаш, во свој уникатен стил, напиша интересна објава.

Тој објави фотографија од себе зад микрофон и напиша:

„Кога наполнив 36 не бев баш сигурен дали воопшто ќе доживеам 63.

Ама еве ме. Жив, и по малку здрав.

Но во форма. И полн со енергија.

Огромно благодарам до сите вас што ме подржувавте сиве овие години...

И да знаете: 63 се новите 36.

Следна цел: Проект 99.

63+36=99“.

Во коментари на објавата, Џамбазов доби голем број честитки од своите колеги, пријатели и обожаватели.

„Среќен роденден пријателе, време е за нова етапа во животот. На патот да ти доаѓаат само убави луѓе,да си ми жив и здрав…

Те сакаат Маја и Горазд“ – му напиша пејачката Маја Вукичевиќ.

Неговата сестра пак, Тања, која не живее тука, а се многу блиски, му посака:

„Братче мое, само насмеан и здрав... Сè друго секундарно... ама и едно чупенце годинава да ти донесе. Највеќе на свет те сакам и гушкам!“

igor-djambazov-slavi-rodenden-koga-napolniv-36-ne-bev-siguren-dali-kje-dozhiveam-63-eve-me-zhiv-i-po-malku-zdrav-02.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Игор Џамбазов си изгради нов дом во Дојран и го покажа погледот: „Целото езеро на дланка, среќни ли ... „Уште малку, и ова ќе ми биде секојдневие. Погледот од дневната е величествен. Ц...
Игор Џамбазов: „Си ја проверував спермата додека бев со Илина, имам понуди од жени да ми родат дете“ „Мажот ми вели: „Со кучиња ли живееш, бе? Камо деца, бе, да правиш?“ Какова...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Антониа Гиговска: „Психички бев лошо по породувањето - имав притисок во глава дека не сум добра мајк... „Поминував низ стварно тежок период, добивав безброј коментари дека кариерата се...

Најчитани неделава