Синот на Антониа и Роберт наполни 3 години - Голема тематска забава со Спајдермен торта и многу декорации
- Детали
- среда, 15 јули 2026
„Нашиот Спајдермен наполни 3 годинки. Те сакаме до небото и до ѕвездите“ - напиша Антониа на Инстаграм и заедно со сопругот Роберт објави неколку фотки од забавата.

Киан, синот на Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски наполни 3 години.
А роденденот го прослави со голема тематска забава, во која „главната улога“ ја имаше Спајдермен.

Сите декорации беа со познатиот лик од филмовите на „Марвел“, со многу балони, украси, „пајажина“.
Имаше и човек облечен во костумот на популарниот суперхерој кој ги забавуваше децата.

И тортата за Киан беше во истиот стил, на три ката, а на врвот - фигура Спајдермен.
„Нашиот Спајдермен наполни 3 годинки. Те сакаме до небото и до ѕвездите“ - напиша Антониа на Инстаграм, која за роденденската забава избра кратко бело-црно фустанче и салонки со животински принт.

Таа претходно на Инстаграм Стори објави фотка со Киан, направена брзо по неговото раѓање, а на неа напиша: „Моето бебе полни 3 годинки денес. Те сака мама засекогаш“.

Погледнете ги фотките од забавата:





А. Ј. | Црнобело