Мандар се пожали: „Ми бараа изнуда на пари, 1.500 евра, а реков рекет не плаќам, по сè што ми се случи во војска“
Ова е вторпат во животот да изгубам сè што сум градел со години наназад, само овој пат не сум сам!

Ве имам вас, над 50.000 луѓе кои ме цените и следите! Овојпат имам цела армија позади себе со чија помош се надевам ќе продолжиме појако отколку досега.

Од денес не ме викајте јутубер од денес викајте ме стример или инфлуенсер.
Од вечерва мојот КІСК профил е местото каде што ќе стримам и се надевам ќе ја добијам вашата поддршка!“
Инаку, Мандар во повеќе пригоди има зборувано на тема војска, со какви маки се соочил таму и колку тоа го зајакнало. Во повеќе пригоди се трудел да влезе, но не успевал, сепак не се откажал, па не се откажува ниту денес кога се соочува со препреки од каков било вид во животот.



С. С. | Црнобело