Мандар се пожали: „Ми бараа изнуда на пари, 1.500 евра, а реков рекет не плаќам, по сè што ми се случи во војска“
- Детали
- вторник, 21 јули 2026
„Сум рекол дека рекет и изнуда нема никогаш во животот да платам и да дадам, поготово после сè што ми се случи со војската. Ова е вторпат во животот да изгубам сè што сум градел со години наназад“, се пожали Мандар и откри дека неговиот YouTube канал е суспендиран.

Васил Мандаровски-Мандар, инфлуенсер и јутубер, од Скопје периодов ги живее најубавите денови на поле приватен живот и постојано објавува фотографии од ќерката Илина, која ја доби со сопругата Дариа.


Но, професионално минува низ тежок период. Тој се пожали на Инстаграм дека се соочил со изнуда на пари и дека неговиот YouTube канал е суспендиран.

Мандар вчера се огласи на Инстаграм Стори:
„Од денес и официјално е суспендиран мојот YouTube канал MANDAR.
Официјалните причини се објава на заштитена содржина без дозвола, а неофицијалните, односно тоа што YouTube не се замара, е изнуда на пари.

Парите беа мали, прво 1.500 евра, па 500, но без гаранции дека страјковите ќе бидат тргнати.
Плус мојот интегритет не може да се купи со пари, а сум рекол дека рекет и изнуда нема никогаш во животот да платам и да дадам, поготово после сè што ми се случи со војската.
