Џокси се пожали за хаосот дома по невремето: „Вратата од балконот беше затворена, од силниот притисок пукна внатрешнoто стакло“
- Детали
- среда, 22 јули 2026
„Силниот ветер остави последици и кај нас. Роден сум во Скопје и сум ги доживеал катастрофалниот земјотрес и големата поплава. Но, искрено, ваков ветер не паметам“, вели Џокси и го покажува хаосот во неговиот семеен дом.

Џинас Папас Џокси на Фејсбук откри какви последици оставило невремето во Скопје во неговиот дом.
Тој сподели фотки од скршено стакло и напиша:
„Силниот ветер остави последици и кај нас.
Иако вратата од едниот балкон беше затворена, од силниот притисок пукна внатрешниот џам од термопанот, а ролетната од спалната соба беше откорната.

Во еден момент моравме да ја држиме балконската врата за да не ја откорне ветерот.

Роден сум во Скопје и сум ги доживеал катастрофалниот земјотрес и големата поплава. Но, искрено, ваков ветер не паметам.

Можеби во некои земји ваквите временски екстреми се веќе секојдневие, но поради климатските промени очигледно е дека и кај нас ќе мора да се навикнуваме на сè почести и поинтензивни временски непогоди.

Едно прашање, сепак, ми останува нејасно: како е можно да се скрши само внатрешниот џам од термопанот, додека надворешниот остана цел?
Ако некој има стручно објаснување, со задоволство би го прочитал“.
С. С. | Црнобело