Откорнати дрвја, со корен поголем од луѓето - Невремето целосно го уништи единственото кафуле во Градски парк
- Детали
- среда, 22 јули 2026
„Катаклизмата што го погоди Скопје“, напишаа од кафулето Централ Парк, и објавија страшни фотки и видео од пустошот што го остави невремето вчера.

Во градскиот парк во Скопје се наоѓа кафулето Централ парк, кое со години е омилено на луѓето од сите возрасти.

Едни доаѓаат на дружење со пријателите, други со своите деца, кои се забавуваат на лулашките и лизгалките додека родителите пијат кафе.

Но, идиличната атмосфера целосно ја уништи вчерашното невреме во Скопје, кое за само 15 минути направи хаос во градот.

На Фејсбук страницата на кафулето се објавени неколку фотографии од искорнати дрвја, скршени лулашки, маси, разлетани столчиња, уништена вештачка трева поставена под масите и бурињата на кои седеа гостите.

На некои фотки се гледа и дека коренот на искорнатото дрво е поголем од луѓето.

„Катаклизмата што го погоди Скопје“, стои во описот на фотографиите на Фејсбук.