Ружица од „Ареа“ среде кризата со загадената вода во родниот Гостивар : „Што со пластичните шишиња потоа?“

„Чистата вода што се дистрибуира до гостиварчани е добредојдена, поточно само со неа деновиве функционираме, но што ќе се случи со илјадниците празни пластични шишиња што сега се собираат во домаќинствата“, вели Ружица Брчиоска од „Ареа“ и испраќа моќен апел.

ruzhica-od-area-srede-krizata-so-zagadenata-voda-vo-rodniot-gostivar-shto-so-plastichnite-shishinja-potoa-01.jpg

Ружица Брчиоска од „Ареа“ и нејзиниот сопруг Ивица живеат во Гостивар, но за жал родниот град на Ружица, поточно неговите жители, деновиве ги живеат најтешките денови.

ruzhica-od-area-srede-krizata-so-zagadenata-voda-vo-rodniot-gostivar-shto-so-plastichnite-shishinja-potoa-03.jpg

Неговите граѓани едноставно се очајни да пронајдат начин како да преживеат во овие пеколни деновиве, среде скандалот со загадената вода.

ruzhica-od-area-srede-krizata-so-zagadenata-voda-vo-rodniot-gostivar-shto-so-plastichnite-shishinja-potoa-04.jpg

На тема како функицонираат, но и за загриженоста што потоа, се огласи Ружица на Инстаграм:

„Чистата вода што се дистрибуира до гостиварчани е добредојдена, поточно само со неа деновиве функционираме, но што ќе се случи со илјадниците празни пластични шишиња што сега се собираат во домаќинствата и кои по завршување на кризата со загаденава вода (посакувам што побрзо да заврши) ќе се расфрлаат насекаде?

ruzhica-od-area-srede-krizata-so-zagadenata-voda-vo-rodniot-gostivar-shto-so-plastichnite-shishinja-potoa-05.jpg

Би требало уште сега да се спроведе акција за собирање на пластика на одредени пунктови, зашто многу лесно, знаејќи си ја културата, шишињата може да се најдат во Вардар и да предизвикаме ново загадување на животната средина.

ruzhica-od-area-srede-krizata-so-zagadenata-voda-vo-rodniot-gostivar-shto-so-plastichnite-shishinja-potoa-02.jpg

Дали општината има некаков план за ова, а ако не - тогаш еколози ајде вклучете се, предлагајте!“

 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Симона Поповска (34) прослави 5 години брак, среќна покрај сопругот и двата сина: „Не споделувам мно... „Првата бременост не дека нешто ја криев, туку се погоди во екот на короната ког...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...

Најчитани неделава