Јанг Дади и Ема Камчевска се уникатен моден пар – шетаа низ Брисел, стилски издоминираа на концерт на Bad Bunny (фото)
- Детали
- петок, 24 јули 2026
Нашиот пејач Јанг Дади (24) и неговата девојка Ема Камчевска (21) деновиве уживаа на патување во Брисел – шетаа низ градот и позираа во кул аутфити, пробаа белгиски вафли и други специјалитети, а издоминираа со впечатливиот стајлинг на концерт на Bad Bunny.

Јанг Дади периодов ја освои цела публика од најмали до најстари, со хитот „Лидија“, а сега и со најновата песна „Син на мама“.
На 12 септември има закажан прв концерт во Скопје, а периодов ужива со својата девојка на патување во Белгија.

Освен што тој е препознатлив по својот уникатен моден стил, и неговата девојка Ема има ексцентричен стил и обожава да спојува повеќе различни модни парчиња на себе.
Додека шетаа низ Брисел, двајцата го покажаа вкусот за мода и позираа низ улиците, а Јанг Дади сподели и повеќе моменти од патувањето.

Тие пробаа белгиски вафли, посетија знаменитости, а посебно искуство за нив беше концертот на Bad Bunny на 22 јули.



Како и секогаш, и за концертот тие одбраа уникатни аутфити со кои издоминираа, а Дади дури носеше и Аdidas Forum Powerphase (Bad Bunny Benito) патики.


Повеќе фотки од Дади и Ема во Брисел:







М. М. | Црнобело