Маја Панчева не старее - згодна на 53 години, се забавува со ќерките убавици во Грција
- Детали
- петок, 24 јули 2026
Маја е згодна, исто како и нејзините две ќерки-убавици, Надица и Марија. Тие беа заедно во Грција и преку социјалните мрежи споделија моменти од семејното патување на море.

Пејачката Маја Гроздановска Панчева горди ги носи годините и не се срами да каже дека има 53.
Таа изгледа барем 15 години помладо од возраста, па во јавноста често коментираат дека Маја не старее и како да го пронашла еликсирот на вечната младост.

Овие коментари како да ги потврди и Маја преку најновите фотографии што ги објави на Инстаграм.
Таа сподели фотка од плажа во бикини, но и неколку фотографии во фустани, а кои ја нагласуваат нејзината фигура.

Маја е згодна, исто како и нејзините две ќерки-убавици, Надица и Марија.
Тие беа заедно во Грција и преку социјалните мрежи споделија како уживаат и се забавуваат.

Погледнете ги фотографиите:





А. Ј. | Црнобело