Надица Георгиева и Иво Јанковски прославија 15 години брак - објавија видео со ретки фотографии за годишнината
- Детали
- понеделник, 04 мај 2026
Иако се и двајцата јавни личности, Надица и Иво не го експонираат својот приватен живот во медиумите, па видеото со кое си честитаа 15 години во брак беше вистинско изненадување.

Една од најубавите жени во Македонија, топ-моделот Надица Георгиева, и продуцентот Иво Јанковски, прославија 15 години во брак.
На денот на годишнината (03.05), Иво на својот Инстаграм сподели видео направено од нивни фотографии низ годините.

Меѓу нив е и насловната страница од некогашниот дневен весник Вест, на која е нивна фотографија од црковната венчавка и најавата дека стапиле во брак.
Парот доби многу честитки од пријателите, кои им посакаа да се заедно уште многу години.

Иако се и двајцата јавни личности, Надица и Иво не го експонираат својот приватен живот во медиумите.
Тие често одат на патувања низ светот, а Иво е тој којшто почесто објавува фотографии со Надица, додека таа на своите социјални мрежи не споделува скоро ништо.

Кликнете да го погледнете видеото:
Повеќе фотографии од Надица и Иво:





А. Ј. | Црнобело