Викторија од Скопје: „Немав ништо. Немав никој. Сè што имав е вишок 15kg и нарушено здравје“
- Детали
- вторник, 28 јули 2026
„Животот знае сè уште да се осуди и нешто вредно да ми зеде… Имав предизвици ‘полн камион’. Ама имав брутална желба за да успеам. И моќна бев во носење на одлуки“, емотивно вели стилистката Викторија Бурсаќ од Скопје, која години наназад е задолжена за стајлинзите на Антониа Гиговска..

Викторија Бурсаќ од Скопје е моден стилист и дизајнер, а во последно време е особено активна со своите онлајн програми со кои им помага на жени да ослабат, без да се мачат со екстремни диети.
Таа сега на Инстaграм искрено проговори како пред сè успеала да го трансформира своето тело.

Нејзината исповед со пред и потоа фотографии гласи:
„Немав ништо.
Немав никој.
Животот знае сè уште да се осуди и нешто вредно да ми зеде…

Сè што имав е вишок на 15kg, нарушено здравје и предизвици ‘полн камион’.
Ама имав брутална желба за да успеам.
И моќна бев во носење на одлука.

И имам неверојатен ‘сенс’, да препознаам кога нешто е врвно.
И оваа верзија ПОТОА, која ја гледате денес, Ве потсетувам каква беше ПРЕД.
И знаете што е најпарадоксално?
Сите мои блиски ја подржуваа мојата верзија ПРЕД, а ПОТОА речиси никој.
А знаете ли зошто?

Затоа што НЕ сакаат да станете ПОВЕЌЕ.
Затоа што НЕ сакаат да отидете на места кај што НЕ БИЛЕ.
Затоа што така Ве држат во баричката и заедно си се ‘препелкате’.
Затоа што НЕ сакаат Вие да бидете во 1% во светот.
