„На 9-ти август ДА пред Бога“ - Моминска забава покрај базен на Сандра - сестрата на Македонецот, победник во „Ѕвездите на Гранд“
Се чувствував навистина посебно и опкружена со луѓето кои најмногу ги сакам. Дента и вечерта беше исполнета со многу смеа, емоции, прегратки, наздравувања, музика, искрени разговори и прекрасни моменти кои ќе ги паметам цел живот.

Таквите мигови немаат цена и ми покажаа колку сум благословена што покрај себе имам толку искрени и прекрасни девојки.
Од сѐ срце сакам да им се заблагодарам на сите што беа дел од ова незаборавно изненадување.

Им благодарам за вложениот труд, времето, љубовта и вниманието што ми ги подарија и приредија вечер од соништата и што секоја од нив беше дел од мојата среќа. Засекогаш ќе го носам денот во моето срце.

Сега со уште поголема возбуда го очекуваме и најважниот ден во нашиот живот. На 9-ти август, јас и мојот сакан Мики ќе го кажеме нашето најискрено и најубаво „ДА“ пред Бога во Соборниот храм, каде ќе ја крунисаме нашата љубов со света венчавка.

Граѓанската церемонија ќе се одржи во ресторанот Везилка, каде заедно со нашите семејства, роднини и пријатели ќе ја прославиме љубовта, среќата и почетокот на едно ново животно поглавје.

Со нетрпение го очекуваме денот кога ќе ја споделиме нашата радост со сите драги луѓе кои се дел од нашиот живот.
Веруваме дека тоа ќе биде ден исполнет со многу љубов, насмевки, емоции и спомени кои ќе останат засекогаш.




С. С. | Црнобело