„На 9-ти август ДА пред Бога“ - Моминска забава покрај базен на Сандра - сестрата на Македонецот, победник во „Ѕвездите на Гранд“
- Детали
- вторник, 28 јули 2026
„Моминската забава беше едно од најубавите изненадувања што сум ги доживеала и спомен што засекогаш ќе остане во моето срце“, вели Сандра Станишиќ од Скопје за CRNOBELO.com. Таа е горда сестра на Никола Станишиќ победникот во Гранд.

Сандра Станишиќ (34) и Мирослав Атанасовски (30) од Скопје по врска од 11 месеци, одлучија дека се еден за друг вистинските за до крајот на животот.

Нејзиниот брат Никола Станишиќ
Мирослав ја запроси во Вараждин, Хрватска, а парот ќе прави свадба на 9-ти август.
Пред свадбата Сандра имаше моминска забава покрај базен која ѝ ја приредија наjблиските.

Сандра за CRNOBELO.com вели:
„Моминската забава беше едно од најубавите изненадувања што сум ги доживеала и спомен што засекогаш ќе остане во моето срце.

Ниту за момент не се посомневав што ме очекува. Мојата сестра, заедно со мојата мала внука, ме земаа од дома, а јас мислев дека одиме на обично кафе.

Кога пристигнав во прекрасниот амбиент на вилата со базен во Кучково, останав без зборови. Пред мене беше вистинска бајка.

Сето ова со многу љубов го организираа моите сестри, братучетки, другарки, старосватицата и мојата кума.
Секој детаљ беше внимателно осмислен, прекрасни декорации, балони, романтична атмосфера покрај базенот, богата трпеза со вкусен кетеринг, разновидни пијалаци, свежо овошје и многу други ситници кои ја направија вечерта совршена.
