Дани и Александар Митевски заедно со Coca-Cola ја донесоа празничната магија во Македонија

За прв пат компанијата Coca-Cola одлучи својата моќна новогодишна порака да ја пренесе во Македонија преку автентична македонска новогодишна песна.

dani-i-aleksandar-mitevski-zaedno-so-coca-cola-ja-donesoa-praznicnata-magija-vo-makedonija

Песната ‘‘Празнична магија‘‘ е целосен македонски производ во секоја смисла на зборот: музика, текст, аранжман, изведувач и продукција.

Митевски беше задолжен за целокупното креирање на музиката, аранжманот и текстот, а Дани со својата неверојатна изведба ја доловува душата на песната. Песната е олицетворение на вредностите на најомилениот пијалак на светот: радост, оптимизам, семејни вредности и неповторливата магија на заедничките моменти.

За мене новогодишните празници се вистинска магија”, вели Дани. ‘‘Најубавиот период од годината кога ги делиме волшебните моменти со најблиските. Ми се допаѓа што и самата песна ги истакнува истите работи кои ми се и мене важни, а мислам дека и на сите луѓе: семејните вредности, радоста и оптимизмот, особено за време на празниците кога луѓето со задоволство се собираат.‘‘, истакна Дани. ‘‘И како што кажува и песната, постои ли некој кои не верува дека таа магија нас ни доаѓа...радост, среќа и топлина во срцето, кога пак сме заедно.‘‘, дополни Дани.

За Митевски, создавањето на песната беше голем предизвик и задоволство.

‘‘Создадовме песна која на вистински начин комуницира со луѓето, на нивен јазик, во нивен ритам а сепак ги пренесува универзалните вредности и пораки на Coca-Cola. Беше голем предизвик, одговорност но и големо задоволство да се направи македонска верзија на песна која е симбол на Новата Година насекаде во светот. Благодарни сме и на компанијата Coca-Cola за укажаната можност и доверба. Верувам дека песната ќе биде вистински новогодишен хит.‘‘

‘‘Празнична магија‘‘ е дел од Новогодишната ТВ реклама на Coca-Cola:

Би можело да ве интересира:

Новогодишна магија низ Центар – дел од улиците во Скопје украсени со ѕвездено небо, елки и светилки Ако се движите низ улицата Орце Николов ќе ве следат висечки украси со блескава ...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
Дани Димитровска, Љупка Митрова – Познати Македонци кои денес слават Младенци Љупка Митрова се венча со саканиот во Грција, Стефан од Некст Тајм направи црков...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...

Најчитани неделава