Дијамант од јапонската студентка

dijamant-od-japonskata-studentka

Младата студентка Еико Музики од Јапонија испрати дијамант - семеен спомен како прилог за помош на настраданите во Скопје:

Една трогателна вест објавена во тоа време го обиколи светот. Вест во која има толку топлина и хуманост, од која не може да не ви заигра срцето: “Младата студентка Еико Музики од Јапонија испрати прилог за помош на настраданите во Скопје: дијамант - семеен спомен. Дијамантски прстен кој го добила како семејно наследство, акој се пренесувал со генерации во нејзиното семејство. Таа била толку потресена од снимките за Скопје кои ги виделе на националната јапонска ТВ станица, што ја натерало да се откаже од највредното нешто што го поседува, а што за нејзе имало голема семејна вредност. Скопје стана град на меѓународната солидарност.

Ретки се градовите во светот кои доживеале таква природна катастрофа и невидена катаклизма, но истовремено и толку голем одѕив за помош, искажана солидарност, љубов кон градот и настраданите жители.

 Наскоро за помош се оглласи целата југословенска и меѓународна заедница. За прв пат во историјата на светската организација, за Скопје заседаваше Генералното собрание на Обединетите нации, а беше формиран Консултативен одбор и Специјален фонд при ООН за помош на настраданите. Во градот се испраќаше помош од целиот свет, а за првпат по Втората светска војна тука се сретнаа и единиците на Американската и Советската војска. Тоа утро, Скопје беше рането, неочекувано и подмолно нападнато, но не и победено. Тоа и иднината го покажа. За тој непокор на скопјаните и нивното достоинство, еве што вели славниот полски урбанист Циборовски, кој толку многу му помогна на градот: „Во Скопје дојдов веднаш по земјотресот. Правот речиси не беше слегнат. Видов разурнат град каков што дотогаш немав видено. Но, и достоинствени и горди луѓе. Тогаш си реков: ќе живее овој град штом има вакви непокорни жители, кои не отстапуваат и пред големата стихија“.

Денес, по половина век, трагичните, па дури и апокалиптични слики од тоа утро, се уште не се забораваат, зашто траумите оставиле неизбришлива трага. Тие страшни мигови тешко може некој да ги замисли, освен оној што ги доживеал и преживеал.

Оваа година одбележуваме 50 години од скопскиот земјотрес, горди на пожртвуваноста, истрајноста, непокорноста, и карактерот на скопјани, со визија и сила која и во иднина ќе опстои!

Осумдесет проценти од сите градби во Скопје биле срамнети со земја. Триесетина монументални градби биле оштетени, меѓу кои и тврдината Кале, Сули ан, Безистенот, Археолошкиот музеј, Народната банка, Офицерскиот дом, Железничката станица и Националниот театар. Природно научниот музеј и зградата на Музејот претрпеле големи оштетувања и претстоело рушење затоа што не било можно да се поправи. Поголем дел од материјалот бил уништен или тешко оштетен; хидродепото на ситни птици и изложба на збирка на рептили. Преостанатите делови од музејскиот материјал како и некои апарати од лабораторијата и работилницата биле евакуирани, но под неповолни услови на заштита.  Многу објекти се урнаа како кули од карти, но, за чудо, опстанаа репрезентативни градби со кои градот и денес се гордее. Ристиќевата палата, домот „Ибни Пајко“, хотелот „Бристол“, Арапската куќа и зградата на „Метропол“, денешна „Сити галери“, ја преживеале катастрофата. Останале речиси сами во своите маала, опкружени единствено со урнатини. Паднале дури и зградите што биле залепени до нив, но тие не. Опстануваат и понатаму да сведочат за тоа како изгледало предземјотресното Скопје, град што според многу негови стари жители е загубен засекогаш. За среќа, овие маркантни градби сé уште ги раскажуваат скопските приказни од пред 1963 година.

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Мартин и Стефан од Некст Тајм во Рим - со постариот брат наздравуваат со ракија: „Повторна ергенска ... Поради фотографијата на која стои пораката „Повторна ергенска средба во Рим“, но...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...

Најчитани неделава