Шест години без Тоше

Денес се премалку и отповеќе сите зборови. Можеби е најдобро да се молчи без да се случува ништо. Само да помине. Ден кој сите сакаме да можеме да го избришеме и пречкртаме, но сепак останува заокружен со тага, болка, носталгија и една безвремена љубов.

shest-godini-bez-tose-01

После шест години не е полесно, не е прифатливо, не е исчезнато, но научивме да се сеќаваме само на најдоброто. А тој беше најдобриот меѓу најдобрите. Тој беше радост, насмевка, љубов и песна. Тој е нашиот Тоше.

Шест години од најболното утро, најцрниот ден и најстрашната вест. Најтешко е да се пишува без солзи во очите и камен во градите. Колку професионални новинари можеме да останеме без да ја внесеме сета душа во секој збор за најсаканиот Тоше?

shest-godini-bez-tose-1

И оваа година во негова чест традиционално трчаа маратонците од местото на несреќата, Нова Градишка до неговото родно Крушево. Во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ фановите по шести пат организираат свечена литургија, парастос со почеток од 17:30 часот.

shest-godini-bez-tose-2

Неговите песни остануваат да бидат најголем подарок, највредно богатство и најдобар мевлем за сета болка. Нема да набројуваме што сѐ постигнал и колку ни значи, бидејќи и за тоа ќе ни бидат премалку сите зборови кои на овој ден се отповеќе.

Не ни останува ништо друго, освен да ја прифатиме утехата дека можеби така е најдобро за него, да запалиме свеќа и да се помолиме во негова чест, со негова песна да се потсетиме зошто толку боли и зошто е толку празно. Зошто отиде?

Вечна слава и светлина!

Би можело да ве интересира:

„Ништо веќе не е исто“ - Сопругата на Кили објави фотка од него и зборови полни болка, 2 седмици по ... „Ништо веќе не е исто, сè е сменето за Јоана и мене тука во Еквадор, куќата е пр...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...

Најчитани неделава