Недела на штедење во Стопанска банка

Штедењето како активност на редовно вложување на слободните средства на клиентите со динамика која е во согласност со можностите за вложување на клиентот, обезбедува подобар квалитет на живот и поголема сигурност за иднината на поединецот и на целокупната економија.

nedela-na-stedenje-vo-stopanska-banka-01

Ги разбираме потребите на клиентите, нивните желби и планови и ја нудиме нашата безрезервна поддршка нудејќи им безбедно и корисно да ги пласираат своите слободни средства во бројни видови на депозити креирани токму според нивните потреби.

По повод Меѓународниот ден на штедење, Стопанска банка АД - Скопје во периодот од 28.10 до 02.11 организира Недела на штедење во која клиентите кои ќе отворат нов орочен депозит „Мој план“имаат на располагање специјална понуда - имено каматните стапки на овие нови депозити ќе бидат зголемени за 0.5 пп за депозити во денари и 0.25 пп за депозити во евра во однос на редовните каматни стапки.

Со оваа активност, сакаме да им оддадеме почит на клиентите кои веќе знаат да штедат и да препознаат добра понуда за штедење како и на клиентите кои сакаат да почнат со оваа здрава навика од почеток.

Имено „Мој план“ е орочен депозит кој овозможува неограничен број и износ на дополнителни вложувања за времетраењето на орочувањето на депозитот, без притоа да се разорочи депозитот или да се продолжи периодот на орочување. На овој начин континуирано и постепено се зголемува основниот влог.

Со овие карактеристики и дополнителната зголемена каматна стапка, „Мој план“ е вистинскиот начин да се одбележи Меѓународниот ден на штедење. Во секоја од нашите филијали на располагање на клиентите е Советник за депозити кој може да им ги презентира производите на Банката и да им помогне во изборот на најсоодветниот начин на штедење за нивните потреби.

Дополнително, Стопанска банка АД - Скопје ги повикува своите клиенти да не штедат на љубов и грижа и во претстојниот период преку „На ваша страна“ Facebook страницата да им испратат на децата во Клиниката за детски болести, Скопје пораки полни со љубов и желби за подобро здравје.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава