Мислењето на Европската агенција за безбедност на храната ја потврдува безбедноста на аспартамот

Изјава од UNESDA -  Европски безалкохолни пијалаци

mislenjeto-na-evropskata-agencija-za-bezbednost-na-hranata-ja-potvrduva-bezbednosta-na-aspartamot-povekjeПовторно светски признаен авторитет во науката ја призна безбедноста на аспартамот. Го поздравуваме мислењето на EFSA и разубедувањето што им го дава на потрошувачите.

Индустријата на безалкохолни пијалаци верно го повторува коментарот на д-р Alicja Mortensen, претседател на Панелот за прехранбени адитиви на Европската Агенција за безбедност на храната (EFSA)  и нутриционистички додадоци во храната (ANS):

 “Ова мислење претставува една од најсеопфатните оцени на ризикот од аспартамот што кога и да е изведена. Тоа е чекор напред за зајакнување на довербата на потрошувачите во научните поткрепи на системот за безбедноста на храната на ЕУ и регулативите за прехранбени адитиви”

Аспартамот е една од најтемелно тестираните состојки во нашата снабдувачка со храна и неговата безбедност е поддржана со над 200 студии во текот на овие 30 години. 

Заклучоците на EFSA го потврдуваат нивниот совет од 2011 врз база на нови научни студии поврзани со аспартамот[1], и се во согласност со ревизијата[2] на Здружениот експертски комитет за прехранбени адитиви на FAO/ World Health Organisation (‘JECFA’), категорички покажувајќи дека аспартамот е безбедна состојка.  

Бескалоричните и нискокалоричните верзии соочинуваат до 30% од безалкохoлните пијалаци ширум многуте пазари на ЕУ.  Тие обезбедуваат слаткост без калории и им дозволуваат на потрошувачите да раководат со тоа што го јадат и пијат како дел од избалансиран и здрав стил на живеење. Индустријата на безалкохолни пијалаци ќе продолжи со иновациите со цел да им обезбеди разновидност и избор на потрошувачите.

За аспартамот

  • Една од најтемелно проучените прехранбени состојки со над 200 студии што ја потврдуваат неговата безбедност.
  • Широко употребуван како нискокалоричен засладувач повеќе од четврт век.
  • Покрај EFSA, националните и интернационалните авторитети за безбедност на храната вклучувајќи ја и Администрацијата за храна и лекови на САД (FDA), Здружениот експертски комитет за прехранбени адитиви (JECFA) и Светската здравствена организација и Агрикултурна организација како регулативни агенции во над 100 земји, спроведоа обемни научни истражувања и регулативни ревизии на аспартамот и открија дека е безбеден за употреба.
  • Аспартамот се користи во водечки брендови на безалкохолни пијалаци, јогурти, десерти, кондиторски производи, гуми за џвакање, пијалаци топли чоколади и засладувачи.
  • Покрај тоа што придонесува за контролирање на тежината, производите со аспартам играат корисна улога во управувањето со дијабетисот, дозволувајќи им на пациентите да уживаат во слаткиот вкус без несакани последици во нивото на шеќерот во крвта.

 

Врз ознова на најновото мислење на EFSA

  • Ова е прва целосна евалуација на аспартамот побарана од EFSA и спроведена од Научниот панел на авторитети на прехранбени адитиви и нутриционистички додатоци во храната (ANS Panel).
  • Во оваа евалуација, научните експерти заклучуваат од сите достапни информации за аспартамот и анализата на неговите производи, и следствено по деталната и методична анализа, дека тие не претставуваат никаква причина за никаква токсична опасност за потрошувачите во сегашниот степен на изложеност.
  • Сегашниот Прифатлив дневен внес (ADI) се смета за безбеден за општата популација и изложеноста на потрошувачите на аспартам е под ова ADI.
  • Ова е четврт пат во последните  седум години што EFSA ја изразува својата доверба во безбедноста на аспартамот. Притоа, EFSA исто така ги потврди повторно резултатите од ревизиите извршени од нејзиниот претходник, Научен комитет на Европската комисија за храна (SCF), во 2002, 1988 и 1984.

Би можело да ве интересира:

Горди сме: Македон повторно се закити со златен медал на натпреварот „Математика без граници“ Учествува на семинари за македонски јазик и литература, игра шах и повторно успе...
Лила по 4 месеци повторно на Бали: „Затоа што еднаш не е доволно“ Лила Филиповска повторно ужива на Бали, само неколку месеци откако го посети ост...
Ламбе и Врчак по многу години повторно заедно, пееја на свадба на заеднички пријател во Охрид (видео... „Моите молитви се остварија. Фала ти Боже вчера тоа ми се потврди. Верувам дека ...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Тина од Скопје со трогателна објава: „Бев дете, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и ја глед... „Бев дете, 3 години, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и секогаш вниман...
Бакнежи во образ на Водно: Дали Тамара Тодевска е повторно вљубена? (фото) Тамара Тодевска во последно време изгледа навистина среќно и задоволно, дали Лук...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg