Стопанска Банка со промотивна понуда за потрошувачки кредит

Потрошувачките кредити како најатрактивна категорија на кредити за население се постојано во фокусот на работењето на Стопанска банка.

stopanska-banka-so-promotivna-ponuda-za-potrosuvacki-kredit

Затоа, понудата на потрошувачки кредити расте и се прилагодува на потребите на сите наши клиенти – со атрактивни рокови на отплата до 10 години, износи до 10.000 евра без обезбедување, можност за користење на денарски или кредит со девизна клаузула и секако нашата најголема предност можноста кредитот да се исплати за само 30 минути од поднесување на комплетното барање во филијалите на Банката.

Промотивната понуда која почнува од 15.03.2014 и ќе трае за сите поднесени барања до 15.06.2014 година за корисниците ќе обезбеди 6.5% гарантирана годишна каматна стапка за првата година и 100% попуст на административните трошоци.

По истекот на промотивниот период во примена ќе биде променливата годишна каматна стапка која за кредитите со девизна клаузула во моментов изнесува 8%.

Секако, и понатаму, најголеми поволности користат клиентите кои платата ја примаат преку Стопанска банка изразени преку трајно намалени каматни стапки, но и скратена процедура и потребни документи.

Потрошувачкиот кредит е ненаменски и клиентите може да го користат за исполнување на сите свои желби.

Би можело да ве интересира:

Живее во Белград, има 12-годишна ќерка: Каде е и што прави Здравкица Милиќ од „Скај селекшн“? „Токму во периодот кога се подготвував за приемниот испит на Филолошкиот факулте...
Жената која роди на 60-годишна возраст во болница во Штип позира со своето дете во прегратка: „Нашат... „Жената која стана мајка на 60 години со помош на успешна ин витро постапка во н...
Стефан Лазаров разочаран од хејт коментарите: „’Аман од тебе’, ‘Фушерај’, ‘Кога се помага не се сним... „Многу сме интересни како луѓе, кога не снимам како помагам, зошто не помагам, б...
Крива Паланка е како сцена од новогодишна бајка во пресрет на 2026 (фото+видео) Крива Паланка и оваа година блесна во полн сјај со огромен број светлечки инстал...
Потег за поздрав: Девојка од Скопје накити новогодишна елка на Водно за да ги радува случајните мину... „Јас редовно планинарам на Водно и еден ден се симнував надолу по новогодишната ...
Калтрина Круезиу блеска на роденденот - Како бел лебед преку ден, сексапилна на вечерна забава (фото... „Некои работи стануваат подобри со времето. Ја славам жената што станав и магија...

Најчитани неделава