Заедничката донаторска и хуманитарна акција на Бимилк и Тинекс

28.03.2014, Скопје. Заедничката донаторска и хуманитарна акција на Бимилк и Тинекс под мотото „Хуманоста е важна“денеска им донесе нова техничка опрема на децата и младинците од Заводот за рехабилитација на деца и младинци „Топанско поле“ – Скопје.

zaednicka-donatorska-i-humanitarna-akcija-na-bimilk-i-tineks-1

Оваа јавна установа обезбедува рехабилитационо – корективен третман на деца и младинци со умерени, тешки и комбинирани пречки во интелектуалниот развој.

„Овој третман е комплексен и во себе содржи повеќе сегменти: дневно и интернатско згрижување, воспитание, образование, работно оспособување, работно ангажирање, здравствена заштита, како и културно–забавен и спортско–рекреативен живот на нашите корисници. За таа цел една од приоритетните активности во изминатиот период е обезбедување на средства за опремување на просториите каде престојуваат овие лица со соодветен мебел, компјутери и останати неопходни материјали – истакна м-р Анета Стефановска – помошник директор на Заводот.

zaednicka-donatorska-i-humanitarna-akcija-na-bimilk-i-tineks-2

Во пресрет на потребите на Заводот излегоа компаниите Млекара АД Битола и Тинекс, кои преку акцијата „Хуманоста е важна“ заедно со граѓаните на нашата држава овозможија со секое купено Бимилк млеко да се обезбедат средства во вкупен износ од 150.000 денари.

Денеска во Заводот за рехабилитација на деца и младинци „Топанско поле“ – Скопје беа врачени 3 лаптоп компјутери, 4 печатачи, 5 радио и цеде плеери во вредност од 75000 денари, додека во Битола во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух “Кочо Рацин“ во истиот износ ќе се доделат– 80 јоргани и 80 постелнини.

“Техничките средства, односно техничките помагала кои ги дониравме се повеќе од потребни за оваа институција и посакуваме истите да им помогнат на децата и младите во нивниот социјален и едукативен развој“– истакна главниот бренд директор на Тинекс – Цветанка Христовска.

„Континуираната општествено одговорност е основа на нашето делување и постоење, оттука ова е веќе 4-та по ред акција на Бимилк за последните 4 месеци. „Хуманоста е важна“, докажа дека за кратко време од еден месец, граѓаните одговорија на нашиот повик и со секое купено Бимилк млеко придонесоа да се реализира помошта за децата и младите со посебни потреби. Денеска таа беше доделена во Скопје во Заводот за рехабилитација на деца и младинци „Топанско поле“, а во понеделник ќе биде доделена во Битола во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух “Кочо Рацин“ - изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер на Бимилк.

zaednicka-donatorska-i-humanitarna-akcija-na-bimilk-i-tineks-01

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од сакани... „Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и ни...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...

Најчитани неделава