„Професијата како личен идентитет “ - Ротари конференција за професионална ориентација

Со цел да им помогне на средношколците при изборот на факултет, на 12 април со почеток од 11:00 до 16:00 часот, во просториите на Meѓународното училиште НОВА по втор пат ќе се одржи конференцијата за професионална ориентација под наслов „Професијата како личен идентитет“.

profesijata-kako-licen-identitet-rotari-konferencija-za-profesionalna-orientacija-01

Настанот е во организација на Ротари клуб Скопје - Камен Мост, кој и понатаму продолжува со активностите за поддршка на младите талентирани луѓе, помагајќи им  да ги остварат своите потенцијали.

На конференцијата  ќе бидат одржани говори и дискусии на повеќе теми како: архитектура и градежништво, бизнис и финансии, инженерство, медиуми и маркетинг, право, образование, истражување и наука.

„Изборот на факултет е одлука која е значајна не само за професионалната иднина на еден млад човек, туку и пошироко за неговиот идентитет, имјаќи во предвид во колкава мера професијата е дел од нашето секојдневие и дејствување во околината. Токму затоа ја организираме оваа конференција, на која младите луѓе ќе имаат можност да слушнат интересни искуства и размислувања од еминентни гости говорници и професионалци, а со цел да им помогнат во процесот на донесување одлука“, изјави Александра Дилевска Симова, претседател на Ротари клуб Скопје Камен Мост.

Минатата година 139 средношколци од повеќе од 14 училишта го посетија настанот, и истиот преку прашалник го оценија како успешен и извонредно корисен. Местата за настанот ќе се пополнуваат според редоследот по кој ќе пристигнуваат пријавите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Програмата на конферецијата е достапна на сајтот на Meѓународното училиште НОВА.

profesijata-kako-licen-identitet-rotari-konferencija-za-profesionalna-orientacija-3

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Катарина Ивановска, Атанас Атанасовски - Кои познати Македонци имаат првачиња? Први септември - денот кој им носи најголема радост и возбуда на првачињата, кои...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
„Го дочекав моментот фонтаната Лотос пак да работи, ми се врати времето назад. Скопје расцутено, уба... „И после толку години, го видов моментот кога Лотосот пак работи. Мала работа, а...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава