Екипата на НОВА најдобра помеѓу основните школи од Централна и Источна Европа во Скопје

Mеѓународното училиште „НОВА“ беше домаќин на одбојкарски турнир за девојчиња од основни училишта, кој се одржа викендов во спортскиот центар „ФОРЦА“.

ekipata-na-nova-najdobra-pomegu-osnovnite-skoli-od-centralna-i-istocna-evropa-vo-skopje-01

Тимот на НОВА беше најдобар помеѓу учесниците и се заќити со пехар за освоено прво место а тимот на Англо Американското училиште од Софија го освои второто место. Сите победнички тимови освоија медали за сите вклучени играчи и тренери.

Истиот овој натпревар предходната година беше организиран во Рига, Латвија. Оваа година, во турнирот во Скопје се натпреваруваа околу 60 ученички, придружувани од 10 професори. Покрај двата тима на училиштето „НОВА“ учество земаа и странски тимови од „Меѓународното училиште од Белград“, Србија (ISB - International School of Belgrade), „Англо-Американското училиште“ од Софија, Бугарија (AAS - Anglo-American School of Sofia) и „Meѓународното училиште од Хелсинки“, Финска (ISH - International School of Helsinki).

Бидејќи во CEESA - „Асоцијацијата на училишта од централна и источна Европа“,  фер плејот се цени исто толку колку што се цени и умешноста и посветеноста во самата игра, на крајот од турнирот се додели и почесен трофеј за екипата на Меѓународното училиште од Хелсинки која според гласовите на играчите и тренерите од другите тимови, демонстрираше нај фер-плеј однесување и најпозитивен однос кон самата игра, кон другите тимови, кон судиите и гледачите. Ова е навистина престижен трофеј кој секоја екипа го посакува во своите витрини.

ekipata-na-nova-najdobra-pomegu-osnovnite-skoli-od-centralna-i-istocna-evropa-vo-skopje-02

Меѓународното училиште НОВА е едно од 19-те меѓународни училишта членки на „Асоцијацијата на училишта од централна и источна Европа“  (Central & Eastern European Schools Association), и со тоа членство им овозможува на своите ученици, учество на меѓународни спортски натпревари во повеќе спортови како фудбал, кошарка, одбојка, пливање, тенис и софтбол.

Би можело да ве интересира:

Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...

Најчитани неделава