Летни кредитни освежувања од Стопанска банка

12.06.2014 Како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, која во своето работење и суштински се води според мотото „на ваша страна“, Стопанска банка АД - Скопје ги следи потребите на своите клиенти, и за ова лето подготви освежувања на својата кредитна понуда со дополнителни поволности.

letni-kreditni-osvezuvanja-od-stopanska-banka

Имено, за сите поднесени или одобрени барања за Станбен кредит до 31.08.2014 година покрај гарантираните каматни стапки за првите 5 години Банката нуди и значително олеснување односно  0 денари за административни и трошоци за процена. Што севкупно, го прави овој кредитен производ особено поволен и атрактивен за сите оние кои посакуваат сопствен дом.

Додека за сите оние кои ова лето сакаат да инвестираат во реновирање и опремување на својот дом, Стопанска банка ги подобри и условите за кредитирање на потрошувачките кредити до 10.000евра, кои се без обезбедување, достапни за само 30минути од поднесување на барање во филијалата, и со 0 денари за административни трошоци до 31.07.2014.

Дополнителна поволност добиваат и клиентите кои ќе аплицираат за MASTERCARD кредитни картички до 31.08.2014 година, коиќе добијат 0% каматна стапка за сите купувања направени до крајот на септември.

Со оваа комбинација на поволности кај кредитните производи, Банката се приближува до потребите на клиентите, ги олеснува првите чекори во добивање на кредит и ја поттикнува кредитната експанзија во претстојниот период.

Советниците за кредитирање се достапни во филијалите на Банката со детални информации за секој производ, но и препораки и совети за избор на тип на кредит кој најдобро одговара на буџетот, потребите и можностите на клиентот.

Би можело да ве интересира:

Александра Шијакоска секое лето позира среде полиња со сено: „Фала му на Господ за уште едно лето на... Веќе 7 години таа ја прави својата препознатлива фотосесија, па од безгрижна дев...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Познати Македонци кои го започнаа лето 2025 со одмор во Турција – водни лудории со деца, уживање во ... Лила Филиповска се забавува и се качи на фламинго за време на одморот во Бодрум,...
Светлана Црнокрак е бикини божица на 49 години - позира со модни парчиња кои се хит летово Светлана изгледа како да го пронашла еликсирот за вечна младост, а успешно ја од...
Маја Панчева, Љупка Митрова – Познати македонски дами кои летово позираа без грам шминка (фото) Катарина често знае да прошета без грам шминка, Тијана Дапчевиќ на одмор се пока...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава