Македонија и гимназијата „Нова“ за првпат домаќини на светскиот образовен семинар „Глобал конекшнс“

Семинарот „Глобал конекшнс“ (Global Connections), организиран од истоимената фондација од САД, своето 16 издание годинава за првпат ќе го одржи и во Македонија, а ќе се одвива и во Грција и на грчкиот и на турскиот дел од Кипар.

makedonija-i-gimnazijata-nova-za-prvpat-domakini-na-svetskiot-obrazoven-seminar-global-connections-01.jpg

На меѓународното училиште НОВА му припадна честа да биде домаќин, а со тоа Македонија ќе добие можност за своја национална промоција. Темата на семинарот оваа година е „Образование на мирот: Одлична едукација и учители за мир”. Целосниот настан ќе почне утре, 21 јуни, а ќе трае до 30 јуни.

Семинарот „Глобал конекшнс“ овозможува глобално поврзување на директорите на училиштата ширум светот и средби со лидерите во образованието од напредните и богати училишта, со оние посиромашните. Целта е создавање на интернационална образовна мрежа која ќе промовира партнерство и размена на искуства.

Гости на семинарот се директори на основни и на средни училишта, од најбогатите во Америка, па сè до најсиромашните во Африка, но еднакво посветени на својата заложба: градење на меѓукултурни партнерства и кревање на глобалната свест за значењето на образованието. Во групата има 34 директори од 17 различни држави, од сите пет континенти.

Како дел од програмата на семинарот, од 21 до 24 јуни во Скопје и во Охрид ќе бидат организирани низа активности: прием во Владата на РМ и средба со Премиерот, г–дин Никола Груевски и дискусија за целите и реформите во образованието кај нас; прием кај Претседателот на РМ, г-дин Ѓорге Иванов и преглед на мултикултурното образование; а на експертските панели и неформалните средби ќе присуствуваат и Фатмир Бесими (вицепремиер за европски прашања), Никола Попоски (министер за надворешни работи на Република Македонија) и Ивица Боцевски (поранешен заменик-министер за европски прашања и професор во НОВА); ќе бидат оддржани сесии со Министрите за образование, култура, труд и социјална политика и евроинтеграции, како и средби со градоначалниците на град Скопје и Охрид.

Од 24 јуни до 30 јуни 2014 год. семинарот „Глобал конекшнс“ продолжува со активностите во Солун, Грција и во Никозија, Кипар.

Би можело да ве интересира:

Катарина Ивановска, Атанас Атанасовски - Кои познати Македонци имаат првачиња? Први септември - денот кој им носи најголема радост и возбуда на првачињата, кои...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Раскошната моминска забава на Јована од Свети Николе - со тема бисери и шампањ во вила во Охрид (фот... „Уште на пат до Охрид имавме персонализирани шишенца вода, а кога пристигнавме с...
Јанг Дади им дојде на приредба на децата од неговото основно училиште - ја пееја „Лидија“ на цел гла... „Не можев да ја одбијам поканата од моето основно училиште „Коле Неделковски“, о...

Најчитани неделава