Многу насмевки за хуманитарна акција „Еден милион насмевкиˮ

Во неделата, на 22 јуни, светскиот ден на музиката, првиот ден на летото и воедно најдолгиот ден во годината, во Градскиот парк во Скопје, кај школка, се одржа претставата „Волкот и трите прасиња“ во изведба на театарски и балетски уметници која ги воодушеви најмладите.

mnogu-nasmevki-za-humanitarnata-akcija-eden-milion-nasmevki-01.JPG

Со ова оваа изведба се означи и стартот на серијата настани по повод 70-годишнината од постоењето на Стопанска банка, кои ќе продолжат и во многу други градови низ Македонија на кои граѓаните ќе уживаат во возбудливи театарски претстави за најмладите, игранки за пензионeрите со хитови од времето на нивната младост и концерти за љубителите на популарната музика.

Како благодарност кон укажаната доверба во изминатите 70 години од постоењето, Стопанска банка освен овие настани, иницираше голема хуманитарна акција „Еден милион насмевкиˮ во која секој граѓанин може да учествува и да ја подари својата насмевка во филијалите на Стопанска банка, на Фејсбук страната на Стопанска банка, на сите настани организирани во чест на јубилејот, како и на веб банерите на најпосетуваните интернет страници.

За секоја насмевка Стопанска банка ќе донира средства за медицинска опрема за детските здравствени установи низ земјава и според очекувањата на вчерашниот настан и децата и возрасните масовно донираа насмевки.

mnogu-nasmevki-za-humanitarnata-akcija-eden-milion-nasmevki-02.JPG

Следниот настан е закажан на 25 јуни, среда, кај фонтаната во Градскиот парк во Скопје, а се работи за концерт на популарна музика со почеток во 21 часот.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...

Најчитани неделава