Што е Global Talent?

Често слушамеприказни од личности кои биле одлични студенти, личности со огромен потенцијал кои едноставно не успеале да ја пронајдат среќата во избраната професија и кои се помириле со работата што им ја понудиле иако таа не се совпаѓала со нивната област на студии.

sto-e-global-talent-01.jpg

Ова е една од причините зошто АИЕСЕК веќе 65 години нуди можности за професионални пракси преку програмата Global Talent.

Се работи за пракси надвор од нашата земја, блиску или далеку, по вкусот на студентот, во над 120 земји низ светот. Праксите се реализираат во период од 2 до 18 месеци и вклучуваат платена работа во над 8000 компании со кои АИЕСЕК соработува на интернационално ниво.

Иако АИЕСЕК нудат професионални пракси соодветни за повеќе области на студирање, поради зголемената понуда на пракси во сферата на информациони технологии ширум АИЕСЕК мрежата, со задоволство најавуваат дека сите студенти кои имаат познавање во областа на информациони технологии имаат огромен број на можности.

Сите оние студенти, кои сте во последната година од своето студирање/сте дипломирале/ги посетувате или сте ги завршиле Вашите мастер студии, а сте под 29 години сега ја имате најголемата можност за професионален развој токму преку праксите на АИЕСЕК!

Повеќе информации и апликации на официјалната страна на АИЕСЕК.

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Миа Костова: „Верувам во Господ, вербата не е снимање крстови и миси во цркви - тоа е интима“ „Се каам за неколку работи кои не вклучуваат интервенции, на пример, некои тетов...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...

Најчитани неделава