Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Со Стопанска банка Скопје до најнов модел на Philips Android 4K телевизор на 24 рати без камата

(Скопје, 07.11.2014) – Најновиот одек на технологијата од лабораторијата на Philips, ултра тенките телевизори, Philips Android 4K, од денес, 7-ми ноември ќе можат да се набават на 24 рати, без камата, како резултат на заедничката соработка меѓу Техномаркет и Стопанска Банка. Станува збор за исклучително поволна безкаматна кредитна можност, која е овозможена единствено преку Стопанска банка Скопје, која и официјално беше промовирана во е-банк продавницата на банката.

so-stopanska-banka-skopje-do-najnov-model-na-philips-android-4k-televizor-1.jpg

Задоволството на нашите клиенти одсекогаш било приоритет во нашето работење.Токму затоа отсекогаш сме настојувале да креираме банкарски производи кои ги задоволуваат нивните потреби. И овој пат нудиме единствена можност, да се дојде до телевизор од соништата на 24 рати без камата. На сите кои ќе се решат да ја искористат оваа можност им посакуваме исклучително искуство и доживување гледајќи ги своите омилени програми во едно поинакво светло, изјави Стефан Пеповски од Стопанска банка.

Карактеристиките и перформансите на револуционерните Android модели на Philips телевизорите,  49PUS7809 и 55PUS7809, беа свечено презентирани во присуство на многу клиенти на Стопанска Банка и Техномаркет. Стручни лица од претставништвото на компанијата Philips од Македонија и обучени тренери од Техномаркет говореа за можностите и предностите на Philips Android ултра тенките 4К телевизори.

so-stopanska-banka-skopje-do-najnov-model-na-philips-android-4k-televizor-2.jpg

Во јануари 2014 година, Стопанска банка во центарот на градот (платото на кејот пред мостот ОКО) ја отвори првата концепт филијала “i-bank store“ која претставува прва филијала на банката во која не постојат готовински трансакции, а достапни се сите останати банкарски услуги за населението во опуштена атмосфера пред првата природна вертикална градина направена во затворен простор. Во оваа филијала не само што може во продолжено работно време да се искористат дигиталните i-bank сервиси на банката (е-банкинг, м-банкинг, АТМ банкинг, телефонско банкарство), и да се добијат корисни совети и демонстрација на уредите кои се достапни за увид и користење. Новиот модел на Philips телевизорот ќе остане во i-bank store филијалата на СБ до 15 Ноември 2014 година, за време на работното време од  10:00 – 20:00 часот.

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Девојче (5) од Скопје имаше тематски роденден, со 12-метарска копија на куќата на Барби „Целта беше да се долови мини свет на Барби во реалноста“, вели мајката на Зои (...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg