„НОВА“ ја отвори првата средношколска училница по кинески јазик во Македонија

Меѓународните училишта НОВА и Институтот „Конфучиј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје денеска отпочнаа соработка што подразбира организирање настава по кинески јазик во оваа образовна установа.

nova-ja-otvori-prvata-srednoskolska-ucilnica-po-kineski-jazik-vo-makedonija-01.JPG

Со чинот на потпишување на Меморандум за соработка помеѓу двете споменати институции, кинескиот им се придружи на францускиот, италијанскиот, германскиот и шпанскиот кои моментно се изучуваат како странски јазици во НОВА.

Со отварање на првата средношколска училница по кинески јазик, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, го продолжи својот проект за популаризација на кинескиот јазик и култура во Македонија. Оваа учебна година наставата по современ кинески јазик и култура ќе ја следат 14 ученици.

На присутните им се обратија ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски и директорот на Меѓународните училишта НОВА, г-ѓа Венера Новаковска.

- „Кинескиот е прв од источно-азиската група на јазици кој ќе се изучува во НОВА заедно со тие од европското говорно подрачје. Имајќи предвид дека Кина е сè поприсутна на светската сцена, ова е само почеток за отпочнување на подолгорочен процес на соработка во кој следни чекори би биле размена на ученици, како и евентуалното отворање на мултимедијална училница во НОВА посветена на кинескиот јазик и култура“ - истакна Новаковска

Таа, исто така, се заблагодари на одличната соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, ректорот проф. д-р Велимир Стојковски и Институтот „Конфучиј“ нагласувајќи дека со интензивирањето на македонско-кинеските економски односи, ќе се јави поголема потреба од изучување на кинескиот јазик и подобро разбирање на културните посебности. Отпочнувањето на наставата по кинески јазик во НОВА е уште еден чекор кон целта за меѓусебно приближувањето на двете култури.

nova-ja-otvori-prvata-srednoskolska-ucilnica-po-kineski-jazik-vo-makedonija-02.JPG

Покрај останатите гости присутни беа и кинескиот директор на Институтот „Конфучиј“, проф. д-р Шиџонг Денг и македонскиот директор на оваа организација, проф. д-р Бранислав Саркањац.

Би можело да ве интересира:

Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес, ќе пешачи 111km за кревање на свеста за сексуалното злоста... „Организирам пешачење за подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...

Најчитани неделава