Новогодишната магија на Coca-Cola ни ги освојува срцата

Од Новата Година нè делат уште петнаесеттина дена, сега е вистинското време да се оттргнеме од сивилото на студените декемвриски денови и да го поттикнеме празничниот дух.

novogodisnata-magija-na-coca-cola-ni-gi-osvojuva-srcata.jpg

Во време кога сме преокупирани со секојдневните проблеми и грижи, во трка со времето и преполни со обврски, изгледа забораваме дека добрината, добрите дела, љубезноста и пријателството се нашите најголеми вредности, вредности кои треба да ги негуваме и споделуваме со другите, особено во овој период од годината.

Coca-Cola и оваа година е тука да ја сподели магијата на празниците и да не оттргне од апатијата, мамејќи искрени насмевки и радост. Убавите новогодишни реклами, украсените црвени камиони и прекрасните слики со Дедо Мраз и Coca-Cola низ Македонија се секогаш предвесници на празниците и ни го носат новогодишното расположение поттикнувајќи топлина во срцето.

Годинава Coca-Cola и Дедо Мраз ни ја донесоа новогодишната магија во малку поинакво светло со моќна порака која не освојува, потсетувајќи дека нема поубаво чувство од тоа да направиме некого среќен.

За овие празници, Coca-Cola нè изненади со специјална новогодишна етикета од која со само неколку потега се прави прекрасна црвена панделка и го претвора Coca-Cola шишето во подарок што ни го освојува срцето. Едноставен начин да покажеме внимание и да разубавиме нечиј ден, да измамиме безброј задоволни насмевки и поттикнеме моменти на радост и среќа. Волшебната етикета се наоѓа на Coca-Cola пакувањата од пола литар во сите продавници низ Македонија.

Новогодишната магија е во чинот на подарувањето и споделувањето љубов, радост и оптимизам. Да ја поддржиме со нашите дела и да направиме некого среќен.

Би можело да ве интересира:

Дедо Киро го прослави својот 91-ви роденден - има 4 синови, бил дел од Титовата гарда Дедо Киро од кривопаланечко служел воен рок во ЈНА, каде што бил дел од Титовата...
Новогодишната магија пристигна и во Велес – градот украсен со голема елка и безброј светилки Покрај магичните Крива Паланка и Штип, и Велес блесна во новогодишен сјај – дрвј...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава