Ви недостига секс? Ќе ви помогнат „Доктори за секс“

Новата достапна серија на PickboxДоктори за секс е провокативен, квазиисториски приказ на тимот од научни пионери кои се обидоа да ги променат американските ставови за сексот, а да бидеме искрени, вистината би можела да ве возбуди на повеќе нивоа. Сите епизоди од првата и втората сезона се достапни веднаш.

vi-nedostiga-seks-ke-vi-pomognat-doktori-za-seks-1.jpg

Серијата е снимена според книгата „Доктори за секс“ (Masters Of Sex) од Томас Мејер, во која се раскажува за подемот на Вилијам Мастерс, гинеколог-одметник, кој се осмели да го проучува сексот во лабораториски услови со човечки субјекти, во Сент Луис, во 50-тите години на минатиот век. Поради стравот од скандал, Мастерс својот проект го работел во тајност, додека не му се посреќило да ја вработи сексуално ослободената самохрана мајка Вирџинија Џонсон како секретарка со големи амбиции, надарена (срам да ви е) со друштвени вештини кои докторот ги немал.


Двојката
што ја научи Америка да води љубов

 Мастерс и Џонсон набргу станале интелектуални партнери, но и љубовници, што била долго чувана тајна на двојката. Кога по 10 години собирање податоци го објавиле своето истражување кое ја објаснувало физиологијата на оргазмот, тие заговарале здрав сексуален живот и засекогаш им ставиле крај на медицинското пуританство и лажењето, па преку ноќ станале ѕвезди на цела Америка. Јавноста ги нарекла: „Двојката што ја научи Америка да води љубов“.


Сторете го тоа за науката

Сето тоа звучи како романтична, забавна приказна и на мигови „Доктори за секс“ е навистина тоа, додека Џонсон (ја игра одличната Лизи Чаплан) ги наговара лекарите и сестрите во болницата да им се препуштат на страстите во полза на науката. Сцените од секс се прилично забавни, дури и кога се работи само за мастурбација со еден куп сензори залепени на кожата на пациентот, додека докторите мрморат за „ригидноста на брадавицата“. Поради периодот во кој се одвива дејството, „Доктори за секс“ на мигови изгледаат како „Момците од Медисон со бенефиции“, но набргу сфаќате дека се понапнати, подлабоки, па дури и вознемирувачки. Интересно е што многу од прашањата за човечката сексуалност кои се провлекуваат низ серијата и ден-денес немаат соодветен одговор или се премолчуваат поради разни лицемерни морално-верски догми.


Сакате
ќ
еса?

Серијата не е баш секогаш верна на историскиот оригинал, а некои делови се изменети, некои ликови се додадени поради драмата, но тие измени всушност се помалку чудни од реалноста. Во реалноста, некои од субјектите во експериментот носеле хартиени ќеси врз главата за да избегнат да бидат препознаени. Сите ликови во „Доктори за секс“ се лажат самите себе, од геј мажите кои одат на терапија со електрошокови за да се излечат, преку одличната Сара Силверман во улога на лезбијка која глуми дека е хетеросексуалка, до самите главни јунаци чија професионална врска се претвора во љубовна, а тие се лажат себеси дека се работи само за истражување, криејќи ги опасните чувства зад сексот без обврски.

Дел од шармот на оваа серија е и во тоа што д-р Мастерс не ни е баш симпатичен. Прилично е ладен, доминантен лик, одговорен за најлошите брачни сцени во скорешната телевизиска историја, за што е заслужен одличниот Мајкл Шин, кому прекрасната Лизи Чаплан му е совршена спротивност без која во оваа серија би недостигала хемија.


Каде да ја гледате серијата „Доктори за секс“?

Целосните први две сезони од „Доктори за секс“ гледајте ги ексклузивно на Pickbox.

vi-nedostiga-seks-ke-vi-pomognat-doktori-za-seks-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава