Капитол Резиденс - Резиденцијален и деловен простор со многу хармонија, светлина и топлина

Местото каде го поминуваме најголемиот дел од своето време, независно дали е тоа деловниот простор или домот, треба да биде исполнето со хармонија, многу светлина и топлина. Тоа треба да биде место каде ќе сакаме да престојуваме, некого да поканиме, да бидеме горди на нашиот избор.

capitol-rezidens-rezidencija-i-deloven-prostor-so-mnogu-harmonija-svetlina-i-toplina-01.jpg

Токму таков, домаќински, создаден со многу љубов, не штедејќи на материјали при изградбата особено кога  е во прашање стабилноста и безбедноста на објектот, креиран по европски терк,  уште веднаш штом ќе влезете во комплексот„Капитол Мол&Резиденс“ ќе ја почувствувате позитивната енергија на просторот и на ентериерот.

Лоциран во скопската населба Аеродром, овој комплекс нуди ексклузивен деловен простор и станови, и за оние кои ќе се решат да купат деловен простор или стан обезбедува совршени услови, правејќи го најдоброто место за работа и живеење, за поминување на драгоценото време. Место кое одговара на брзиот начин на живот, овозможувајќи концентрација на сите дејности и функции на едно место.

capitol-rezidens-rezidencija-i-deloven-prostor-so-mnogu-harmonija-svetlina-i-toplina-03.JPG

Постои беспрекорна  звучна и топлотна изолација, а материјалите кои се употребени за ѕидовите се од највисок квалитет и тоа: YTONG и KNAUF со нивни помошни матерјали. Посебно внимание е посветено на термиката на самите станови. Ѕидовите се изведени од ѕидови со дебелина од 20 см и демит фасада со камена волна од производителот КНАУФ (д-8 см) преку која е поставена квалитетна завршна обработка на фасадата. Како дополна на квалитетните ѕидови  во сите простории поставени се алуминиумски прозори и врати со термо мост, а истите застаклени со трослојно стакло од кое едното е и 4 сезонско што овозможува коефициентот на губење на топлина да е помал од единица. Ова овозможува максимална заштеда на енергија потребна за загревање во зимскиот период и ладење во летниот период.

Овој комплекс афирмира поинаков квалитет на работа и живеење, комбинирајќи го домувањето со атрактивните содржини на еден современ трговски центар.

capitol-rezidens-rezidencija-i-deloven-prostor-so-mnogu-harmonija-svetlina-i-toplina-02.jpg

Влезот за станарите е со посебни лифтови, а тие имаат директна комуникација со Трговскиот центар и со Фитнес центарот, со беспрекорно зачувувањето на дискретноста на домовите и приватноста на станарите. Три нивоа на подземниот паркинг-простор обезбедуваат места за повеќе од 450 возила: едно ниво е резервирано за станарите во „Капитол Резиденс“  и две нивоа на гаражата се достапни за посетителите на „Капитол Мол“.Комплексот има 24 часа обезбедување.

Концептот на овој комплекс е да привлече луѓе кои знаат што сакаат за себе и кои напорно работат за да го постигнат тоа, но во исто време максимално уживаат во животот.

capitol-rezidens-rezidencija-i-deloven-prostor-so-mnogu-harmonija-svetlina-i-toplina-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Нашиот фотограф BadStef во Кина на -30°С: „За 4 минути ми смрзнаа трепките“ „Ги извадив очилата за сонце само на 4 минути и трепките и веѓите веднаш ми смрз...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Жарко Димоски со семејството повторно на Малдиви: „Истото место, истите денови, нова година“ „Момчињата ќе бидат момчиња“, напиша сопругата на актерот, на кои Жарко игра фуд...
„Бев на концертот на Петар Грашо и Дорис Драговиќ во Скопје - Зошто Дорис (64) е вистинска дива и пр... „Братучетка ми, во своите рани 20-ти знаеше само една песна од ТикТок, сестра ми...

Најчитани неделава